AEG HC451220EB: БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ: AEG HC451220EB

4

Безбедносни информации

БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

Внимателно прочитајте го овој прирачник, пред да го инсталирате и да го користите

уредот. Тоа е во интерес на вашата безбедност и за да се осигури правилна работа.

Чувајте ги овие упатства и уверете се заедно со машината, ако ја преместувате или

продавате. Сите лица, кои го користат уредот, мора целосно да

бидат запознаени со

неговата работа и неговите безбедносни опции.

Општа безбедност

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Лица (и деца) со намалени физички, сетилни и ментални способности или недостиг на

искуство и знаење не смеат да го користат апаратот. Нивното ракување со апаратот

мора да го надзира или упатува лице одговорно за нивната безбедност.

Безбедност на децата

• Само возрасни може да го користат апаратот. Децата мора да се надзираат за да

не си играат со апаратот.

• Чувајте ја сета амбалажа далеку од децата. Постои опасност од задушување.

• Држете ги децата подалеку од апаратот кога е вклучен.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Активирајте го уредот за детска безбедност за да спречите случајно активирање на

апаратот од страна на мали деца и галеничиња.

Безбедност за време на работењето

• Отстранете ги сета амбалажа, етикети и слоеви од апаратот пред првата употреба.

• Исклучувајте ги ринглите по секоја употреба.

• Опасност од изгореници! Не ставајте метални предмети, на пр. капаци на садови за

готвење и тави, на површината за готвење, бидејќи може да се вжештат.

• Корисниците со вградени пејсмејкери мора да

го држат горниот дел од телото на

најмалку 30 cm од индукциските рингли кога се вклучени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасност од пожар! Прегреаните масти и масла многу брзо се запалуваат.

Правилно ракување

• Постојано надзирајте го апаратот додека работи.

• Користете го апаратот само за домашно готвење!

• Не користете го апаратот како работна површина или површина за оставање

предмети.

• Не ставајте и не чувајте многу запаливи течности и материјали или растопливи

предмети (од пластика или алуминиум) на или близу до апаратот.

• Внимавајте кога

го приклучувате апаратот на блиските приклучници. Не

дозволувајте електричните кабли да ги допираат апаратот или жешките садови. Не

дозволувајте електричните кабли да се заплеткаат.

Оглавление