AEG HK634021XB: БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ: AEG HK634021XB

Безбедносни информации

17

БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

Заради ваша безбедност и правилно ракување со апаратот, внимателно прочитајте го

овој прирачник пред да го инсталирате и да го користите. Секогаш чувајте ги овие

инструкции со апаратот, дури и ако го преместувате или продавате. Корисниците мора

да бидат целосно запознаени со работата и безбедносните опции на апаратот.

Безбедност на децата и помалку вештите лица

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Не дозволувајте им на лица, вклучително и деца, со намалено физичко чувство,

намалени ментални функции или недостаток на искуство и знаење да го користат

апаратот. Нивното ракување со апаратот мора да го надгледува или насочува лице

одговорно за нивната безбедност.

Сите материјали за пакување чувајте ги вон дофат на деца. Постои

опасност од

задушување или физичка повреда.

Држете ги децата подалеку од апаратот во текот и по работата, додека апаратот не

се излади.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Активирајте го безбедносниот апарат за децата, за да избегнете малите деца или

миленичињата случајно да го вклучат апаратот.

Безбедност за време на употреба

Извадете ги сите материјали за пакување, налепниците и облогите, пред да го

користите апаратот за првпат.

Исклучувајте ги ринглите на „off“ по секоја употреба.

Опасност од изгореници! Не ставајте ги приборот за јадење или капаците од

тенџерињата на површината за готвење, бидејќи може да се вжештат.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасност од пожар! Премногу жешките масти или масла многу брзо можат да се

запалат.

Правилно работење

Секогаш надгледувајте го апаратот за време на работата.

Овој апарат е само за домашна употреба!

Не користете го апаратот како работна површина или како површина за оставање

предмети.

Не оставајте или чувајте на или во близина на апаратот многу запаливи течности и

материјали, предмети што лесно се топат (на пр

. пластична фолија, пластика,

алуминиум).

Внимавајте кога го приклучувате апаратот на блиските штекери. Не дозволувајте

каблите да дојдат во допир со апаратот или жешките садови за готвење. Не

дозволувајте каблите да се заплеткаат.

Оглавление