AEG F88420VI: Упатства за ракување

Упатства за ракување: AEG F88420VI

Безбедносни информации

3

Еколошки прашања 32 Амбалажа 32

Можноста за промени е задржана

Упатства за ракување

Безбедносни информации

За ваша безбедност и за да се обезбеди правилна употреба, пред да го

наместите и да го користите апаратот првпат, прочитајте го упатството

за употреба внимателно, вклучувајќи ги и советите и предупредувањата.

За да се избегнат непотребни грешки и незгоди, важно е сите што го

користат апаратот да се темелно запознаени со начинот на работата и

безбедносните функции. Чувајте го упатството и погрижете се да биде со

апаратот ако се премести или продаде, за да може секој што го користи

во работниот век да биде правилно информиран за употребата на

апаратот и за безбедноста.

Правилна употреба

Машината за миење садови е наменета само за миење прибор за

домаќинство соодветен за машинско миење.

Не ставајте растворачи во машината за миење садови. Тоа може да

предизвика експлозија.

Ножевите и другите предмети со остри врвови мора да се ставаат во

корпата за прибор за јадење со врвовите надолу или да се стават

хоризонтално во горната корпа.

Користете само производи (детергент, сол и средство за плакнење)

соодветни за машини за миење садови.

Избегнувајте отворање на вратата додека апаратот работи, може да

излезе жешка пареа.

Не вадете садови од машината за миење садови пред да заврши

циклусот за миење.

По употребата, изолирајте го апаратот од напојувањето и затворете го

доводот за вода.

Производот треба да го сервисира само овластен сервисер и треба да

се користат само оригинални резервни делови.

Во никој случај не би смееле да се обидувате сами да ја поправате

машината. Поправките извршени од неискусни лица ќе предизвикаат

повреди или сериозни дефекти. Контактирајте со својот локален

сервисен центар. Секогаш настојувајте да се користат оригинални

резервни делови.

117954770 -00- 022009

4

Безбедносни информации

Општа безбедност

Лица (и деца) со намалени физички, сетилни и ментални способности

или недостиг на искуство и знаење не смеат да го користат апаратот.

Нивното ракување со апаратот мора да го надзира или упатува лице

одговорно за нивната безбедност.

Детергентите за машини за миење садови може да предизвикаат

хемиски изгореници на очите, устата и грлото. Опасно по живот!

Почитувајте ги безбедносните упатства на производителот на

детергентот за машини за миење садови.

Водата во машината за миење садови не се пие. Во машината може да

има остатоци од детергентот.

Внимавајте вратата на машината за миење садови секогаш да е

затворена кога не ја полните или празните. Така ќе избегнете

сопнувања од отворената врата и повреди.

Не седете и не стојте на отворена врата.

Безбедност на децата

Апаратот е конструиран да го користат возрасни. Не дозволувајте деца

да ја користат машината за миење садови без надзор.

Чувајте ги сите материјали за пакување далеку од децата. Постои

опасност од задушување.

Чувајте ги сите детергенти на сигурно место, подалеку од досегот на

децата.

Децата треба да бидат подалеку од машината за миење садови кога

вратата е отворена.

Местење

Проверете ја машината за миење садови да не е оштетена при

превозот. Не поврзувајте оштетена машина. Ако машината за миење

садови е оштетена, јавете се на продавачот.

Сите материјали за пакување мора да се отстранат пред употребата.

Електричните и водоводните приспособувања потребни за местење на

апаратот мора да ги изврши квалификувано и компетентно лице.

Заради безбедносни причини, опасно е да се менуваат

спецификациите или да се вршат обиди за какво било видоизменување

на производот.

Не користете ја машината за миење садови ако кабелот за струја и

цревата за вода се оштетени; или ако контролната табла, работната

површина или подножјето се оштетени така што внатрешноста на

апаратот е лесно достапна. Контактирајте со својот локален сервисен

центар за да избегнете опасности.

Сите страници на машината за миење садови не смеат да се дупчат,

инаку може да се оштетат хидрауличните и електричните делови.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

За електричното и водоводното поврзување внимателно постапете

според упатствата дадени во одделните пасуси.

Опис на производот

5

Опис на производот

1 Горна корпа

2 Тркалце за тврдост на водата

3 Сад за сол

4 Дозер за детергент

5 Дозер за средство за плакнење

6 Плочка со спецификации

7 Филтри

8 Долна прскалка

9 Горна прскалка

Оптички сигнал

Откако почнала програма за миење, точкест оптички сигнал се појавува

на подот под вратата на апаратот.

Доколку апаратот е наместен повисоко и е ставена дополнителна дрвена

врата, оптичкиот сигнал не се гледа.

Оптички сигнал

Неподвижно

Укажува на почеток на програма за миење и свети додека

црвено светло

трае програмата.

Трепкаво црвено

Укажува на неисправност на апаратот

светло

Неподвижно

Укажува на завршување на програма за миење

зелено светло

6

Контролна табла

Машината за миење садови има светло внатре што се вклучува и

исклучува при секое отворање и затворање на вратата на машината.

Светлото е со лед-сијаличка класа 1 (CLASS 1), во согласност со EN

60825-1: 1994 + A1: 2002 + А2: 2001.

Ако треба да се замени ова светло, контактирајте со својот локален

сервисен центар.

Контролна табла

1 Копче вклучување/исклучување

2 Дигитално екранче

3 Копче за одложено почнување

4 Копчиња за одбирање програми

5 NIGHT CYCLE копче

6 MULTITAB копче

7 Копче за полупразна машина

8 Показни светла

9 Функциски копчиња

Показни светла

Сол Се пали кога се потрошила

1)

специјалната сол.

Средство за плакнење Се пали кога се потрошило средството

1)

за плакнење.

Крај на програмата Се пали кога ќе заврши програмата за

миење.

1) Показните светла за сол и за средство за плакнење никогаш не се палат додека трае

програма за миење, дури и ако е потребно нивно дополнување.

Контролна табла

7

Дигиталното екранче покажува:

на колкаво ниво на тврдост е наместен омекнувачот на вода,

бројот соодветен на програмата за миење,

приближно уште колку време ќе трае вклучената програма,

активирање/деактивирање на дозерот за средство за плакнење

( САМО кога е активна функцијата Multitab),

крај на програмата за миење (на екранчето ќе се појави нула),

одбројување за одложеното почнување,

шифри за дефекти за неисправностите на машината,

активирање/деактивирање на звучните сигнали.

NIGHT CYCLE Копче (Ноќен циклус)

Night Cycle (Ноќен циклус) е тивка програма за миење што нема да Ве

вознемирува дури и кога спиете. Може да се постави ноќе или во

периодите со евтина струја.

За време на Night Cycle пумпата работи со многу мала брзина за да се

достигне намалување на бучавата од 25% во споредба со вообичаените

програми. Како резултат на тоа, трае многу подолго.

Копче за полупразна машина

Оваа опција е корисна и економична кога корпите не се целосно

наполнети. Ги намалува потрошувачката на вода и енергија.

Внимавајте да ги наполните двете корпи.

Кога ја користите оваа опција, препорачуваме да ја смалите дозата

детергент што обично се користи за полна машина.

Опцијата е достапна само со некои програми (видете во табелата

"Програми за миење садови").

Функциски копчиња

Со овие копчиња може да се активираат следниве функции:

поставување на омекнувачот на вода,

прекинување на програма за миење или на започнато одложено

почнување,

активирање/деактивирање на дозерот за средство за плакнење кога е

активна функцијатаMultitab.

активирање/деактивирање на звучните сигнали.

Режим за поставување

Апаратот е во режим за поставување кога светлата на програмските

копчиња светат и на дигиталното екранче се видливи 2 хоризонтални

линии (- -).

Запомнете дека кога ги вршите следниве работи:

поставување на омекнувачот на вода

активирање/деактивирање на дозерот за средство за плакнење

активирање/деактивирање на звучните сигнали

апаратот МОРА да биде во режимот за поставување.

8

Прва употреба

Ако светлата на програмските копчиња светат и времетраењето (во

минути) на програмата е видливо на дигиталното екранче, последната

извршена програма уште е поставена.

Во тој случај, за да се вратите во режимот за поставување, програмата

треба да се откаже.

Откажување на поставена или тековна програма : држете ги притиснати

двете копчиња RESET (B и C) истовремено додека не се појават 2

хоризонтални линии на дигиталното екранче. Програмата е откажана и

машината е во режим за поставување.

Звучни сигнали

Воведени се звучни сигнали како помош за одредување кои операции ги

врши апаратот:

поставување на омекнувачот на вода

завршување на програма за миење

тревожење при неправилно функционирање на машината.

Фабричка поставка: звучните сигнали се активни.

Звучните сигнали може да се исклучат со функциските копчиња.

1. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување. Апаратот мора да

биде во режимот за поставување.

2. Држете ги притиснати истовремено функциските копчиња B и C ,

додека светлата на функциските копчиња A , B и C не почнат да

трепкаат.

3. Притиснете го функциското копче C , светлата на функциските

копчиња A и B се гасат, додека светлото на функциското копче C

продолжува да трепка. Дигиталното екранче ја покажува

моменталната поставка.

= Звучните сигнали се исклучени

= Звучните сигнали се активни

4. За да ја смените поставката, притиснете го повторно функциското

копче C : дигиталното екранче ќе ја покаже новата поставка.

5. За да ја меморирате поставката, исклучете ја машината за миење

садови.

Прва употреба

Пред да ја користите машината за миење садови првпат:

Проверете дали електричните и водоводните поврзувања се согласни

со упатствата за местење

Отстранете ги сите материјали за пакување од внатрешноста на

апаратот

Поставете го омекнувачот на вода

Истурете 1 литар вода во садот за сол, па наполнете го со сол за

машини за миење садови

Наполнете го дозерот со средство за плакнење

Нагодување на омекнувачот на водата

9

Ако сакате да користите комбинирани детергентски таблети: "3 во 1", "4

во 1", "5 во 1" итн., поставете ја функцијата Multitab (Видете во

"Функција Multitab").

Нагодување на омекнувачот на водата

Машината за миење садови е опремена со омекнувач на вода

конструиран да ги отстранува минералите и солите од водата што би

можеле да му наштетат или да имаат негативно влијание врз работењето

на апаратот.

Колку е поголема содржината на минерали и соли, толку е потврда

вашата вода. Тврдоста на водата се мери со соодветни скали - германски

степени (°dH), француски степени (°TH) и mmol/l (милимол на литар -

меѓународна мерна единица за тврдоста на водата).

Омекнувачот треба да се регулира според тврдостa на водата во вашето

подрачје. Вашето локално водостопанство може да ви каже колкава е

тврдоста на водата во вашето подрачје.

Омекнувачот на водата мора да се постави на двата начина: рачно, со

помош на бирачот на тврдостa на водата, и електронски.

Тврдост на водата Регулирање на

Користење

поставките за тврдост на

сол

водата

°dH °TH mmol/l рачно електронск

и

51 - 70 91 - 125 9,1 - 12,5 2 ниво 10 да

43 - 50 76 - 90 7,6 - 8,9 2 ниво 9 да

37 - 42 65 - 75 6,5 - 7,5 2 ниво 8 да

29 - 36 51 - 64 5,1 - 6,4 2 ниво 7 да

23 - 28 40 - 50 4,0 - 5,0 2 ниво 6 да

19 - 22 33 - 39 3,3 - 3,9 2 ниво 5 да

15 - 18 26 - 32 2,6 - 3,2 1 ниво 4 да

11 - 14 19 - 25 1,9 - 2,5 1 ниво 3 да

4 - 10 7 - 18 0,7 - 1,8 1 ниво 2 да

< 4 < 7 < 0,7 1 ниво 1 не

Рачно поставување

Машината за миење садови е фабрички поставена во положба 2.

10

Користење на сол за машина за миење садови

1. Отворете ја вратата на машината.

2. Извадете ја долната корпа од

машината.

3. Свртете го тркалцето за тврдост

на водата во положба 1 или 2

(видете во табелата).

4. Ставете ја долната корпа.

Електронско поставување

Машината за миење садови е фабрички поставена во положба 5.

1. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување. Машината за

миење садови мора да биде во режимот за поставување.

2. Држете ги притиснати истовремено копчињата B и C , додека светлата

на копчињата A , B и C не почнат да трепкаат.

3. Притиснете го копчето A , светлата на копчињата B и C се гасат,

додека светлото на копчето A продолжува да трепка. На дигиталното

екранче ќе се покаже моменталното ниво и се слуша низа кратки

звучни сигнали.

Примери:

е прикажано, 5 кратки звучни сигнали, пауза, итн. = ниво 5

е прикажано, 10 кратки звучни сигнали, пауза, итн. = ниво 10

4. За да го смените нивото, притиснете го копчето А . Со секое

притискање на копчето се менува и нивото (за одбирање ново ниво,

видете во табелата).

Примери: ако моменталното ниво е 5, со едно притискање на копчето

A се одбира ниво 6. ако моменталното ниво е 10, со едно притискање

на копчето A се одбира ниво 1.

5. За да ја меморирате поставката, исклучете ја машината за миење

садови со притискање на копчето вклучување/исклучување.

Користење на сол за машина за миење садови

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Користете само специјална сол за машини за миење садови. Сите други

видови сол што не се специјално направени за машини за миење садови,

особено солта за готвење, ќе го оштетат омекнувачот на вода. Ставајте

сол само пред да почнете некоја од целосните програми за миење. Така

ќе се спречи таложење на зрна сол или излеана солена вода на дното на

машината, што може да предизвика кородирање.

Полнење:

1. Отворете ја вратата, извадете ја долната корпа и одвртете го капачето

на садот за сол вртејќи го налево.

Користење на средство за плакнење

11

2. Истурете 1 литар вода во садот (ова е неопходно само пред првото

полнење со сол) .

3. Со приложената инка, турајте сол

додека садот не се наполни.

4. Вратете го капачето проверувајќи

да нема сол на навоите или на

заптивката.

5. Навртете го капачето цврсто

вртејќи го надесно додека не

кликне и застане.

Не грижете се ако се прелева вода

додека ставате сол, тоа е нормално.

Индикаторската сијалица за сол, на контролната табла, може да

продолжи да свети за 2-6 часа по дополнување на солта, под

претпоставка дека машината за миење садови останува вклучена. Ако

користите сол на која и треба повеќе време да се раствори, ова може да

трае и подолго. Ова не влјае врз функцијата на машината.

Користење на средство за плакнење

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Користете само специјално средство за плакнење за машини за миење

садови.

Не полнете го дозерот за средство за плакнење со некаква друга течност

(на пр. средство за чистење машини за миење садови или течен

детергент). Така може да го оштетите апаратот.

Средството за плакнење обезбедува темелно плакнење и сушење без

дамки и линии.

Средството за плакнење автоматски се додава за време на последното

плакнење.

12

Користење на средство за плакнење

1. Отворете го садот притискајќи го

копчето за ослободување (A).

2. Ставете средство за плакнење во

садот. На максималното ниво за

полнење укажува "max".

Дозерот собира околу 110 мл

средство за плакнење, што е

доволно за 16 до 40 циклуси на

миење, зависно од дозирањето.

3. Проверете дали капачето е

затворено по секое дополнување.

Избришете го истуреното средство

за плакнење со впивлива крпа за да

избегнете преголемо пенење за

време на следното миење.

Регулирање на дозирањето на средството за плакнење

Во зависност од добиените резултати на миењето и сушењето,

регулирајте ја дозата средство за плакнење со регулаторот со 6 положби

(положба 1 најмала доза, положба 6 најголема доза).

Дозата е фабрички поставена во положба 4.

Секојдневна употреба

13

Зголемете ја дозата ако има капки вода

или дамки од бигор на садовите по

миењето.

Намалете ја дозата ако има лепливи

белузлави ленти на садовите или синкав

слој на чашите или на остриците на

ножевите.

Секојдневна употреба

Проверете дали треба да се дополни специјална сол или средство за

плакнење.

Ставете прибор за јадење и садови во машината.

Ставете детергент за миење садови.

Одберете програма за миење соодветна за приборот и садовите.

Почнете ја програмата за миење.

Полнење прибор за јадење и садови

Во машината за миење садови не смеат да се мијат сунѓери, крпи или

предмети што впиваат вода.

Пред да ја наполните машината со садови, треба:

Да ги отстраните сите остатоци од храна и покрупни нечистотии.

Да ги омекнете остатоците изгорена храна во тавите

Кога ја полните машината со садови и прибор за јадење, внимавајте:

Садовите и приборот за јадење не смеат да го попречуваат вртењето

на прскалките.

Ставајте ги шупливите предмети (шољи, чаши, тави, итн.) со отворот

надолу за да не се собира вода во садовите.

Садовите и приборот за јадење не смеат да се вметнати едни во

други или да се покриваат.

За да избегнете оштетување на чашите, тие не смеат да се допираат.

Ставајте ги малите предмети во корпата за прибор за јадење.

Пластичните садови и тавите со нелеплива облога се склони кон

задржување капки вода; тие нема да се исушат добро како

порцеланските и челичните садови.

Лесните садови (пластични чинии и сл.) треба да се ставаат во горната

корпа и да се наредат така што нема да се поместуваат.

14

Полнење прибор за јадење и садови

Миењето на следниов прибор и садови во машината за миење садови

не се препорачува: може да биде проблематично:

Прибор за јадење со дршки од дрво,

Камени садови може да се мијат во

слонова коска, порцелан или бисер.

машината само ако производителот

Пластични предмети што не се

посебно ги означил како безбедни за

отпорни на топлина.

миење во машина.

Постар прибор за јадење со лепени

Глазираните шари може да

делови што не се отпорни на

избледат ако често се мијат во

топлина.

машина.

Лемен прибор за јадење или садови.

Сребрените и алуминиумските

Калаисани или бакарни садови.

делови се склони кон обезбојување

Оловно кристално стакло.

при миење: Остатоци од белка и

Челични предмети што `рѓосуваат.

жолчка од јајца и од сенф чесно

Дрвени чинии.

предизвикуваат обезбојување и

Предмети од синтетички влакна.

дамки на среброто. Затоа секогаш

исчистете ги остатоците од храна од

среброто, ако не го миете веднаш по

употребата.

Отворете ја вратата и извлечете ги корпите за да ги ставите садовите.

Долна корпа

Долната корпа е наменета за тави,

капаци, чинии, садови за салата, прибор

за јадење итн.

Поголемите садови и големите капаци

треба да се наредат околу рабовите на

корпата, внимавајќи прскалките да

можат да се движат слободно.

Полнење прибор за јадење и садови

15

2-та реда решетки на долната корпа

лесно може да се спуштат за да можете

да ставите тенџериња, тави и длабоки

садови.

Корпата за прибор за јадење

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Исправените ножеви со долги острици се потенцијална опасност. Долгиот

и остриот прибор, на пр. ножевите за сечење месо, мора да се стават

легнати во горната корпа. Внимавајте при ставањето или вадењето остар

прибор, на пр. ножеви.

За да обезбедите водата да го досегне сиот прибор во корпата за прибор

за јадење, постапете вака:

1. Ставете ја мрежата за прибор на

корпата.

2. Ставете ги виљушките и

лажиците во корпата со рачките

надолу.

За поголем прибор, на пр.

маталки, тргнете една половина

од мрежата за прибор.

Kорпата за прибор за јадење може да

се отвори.

Секогаш внимавајте да ги фаќате

двата дела на дводелната рачка кога ја

вадите од машината.

1. Ставете ја корпата за прибор за

јадење на маса или работна

површина.

2. Отворете ја дводелната рачка.

3. Извадете го приборот за јадење.

16

Полнење прибор за јадење и садови

Горната корпа

Горната корпа е наменета за чинии (чинии за десерт, длабоки и плитки

чинии со пречник до 24 см), садови за салата, шољи и чаши

Наредете ги садовите на и под држачите за шољи за да може водата да

ги досегне сите површини.

Чашите со долги ногарки може да се

стават превртени на држачите за шољи.

За повисоки садови, држачите за шољи

може да се склопат нагоре.

Чашите со долги ногарки може да се

стават превртени на држачите за шољи.

За повисоки садови, држачите за шољи

може да се склопат нагоре.

Пред да ја затворите вратата,

проверете дали прскалките можат да се

вртат слободно.

Приспособување на височината на горната корпа

Ако миете многу големи чинии може да ги ставите во долната корпа

откако ќе ја преместите горната корпа во горна положба.

Максимална висина на садовите во:

горната корпа долната корпа

Со крената горна корпа 20 cm 31 cm

Со спуштена горна корпа 24 cm 27 cm

За да ја поместите повисоко, постапете на следниов начин:

1. Извлечете ја корпата додека не застане.

2. Внимателно кренете ги двете страни нагоре додека не се закочи

механизмот и корпата не биде стабилна.

За да ја спуштите корпата во првобитната положба, постапете на

следниов начин:

1. Извлечете ја корпата додека не застане.

Користење на детергент

17

2. Внимателно кренете ги двете

страни нагоре, па дозволете

механизмот да се спушти полека,

држејќи го.

Не кревајте ја и не спуштајте ја

корпата само од едната страна.

Кога горната корпа е крената, не

може да се користат држачите за

шолји.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

По полнењето на машината, секогаш

затворајте ја вратата, бидејќи

отворената врата може да претставува опасност.

Користење на детергент

Користете само специјални детергенти за машини за миење садови.

Почитувајте ги упатствата на производителот за дозирање и чување

напишани на пакувањето на детергентот.

Ако не користите повеќе од препорачаното количество детергент,

придонесувате да се намали загадувањето на природата.

Ставање детергент

1. Отворете го капакот.

18

Функцијата Multitab

2. Наполнете го дозерот за

детергент (1) со детергент.

Ознаките ја означуваат дозата:

20 = околу 20 г детергент

30 = околу 30 г детергент.

3. За сите програми со предмиење е

потребна дополнителна доза

детергент (5/10 г) што треба да се

стави во комората за предмиење

(2).

Тој детергент ќе се употреби за

време на предмиењето.

4. Кога користите таблети

детергент, ставете ја таблетата

во комората (1)

5. Затворете го капакот и

притиснете го да се заглави.

Таблети детергент

Таблетите детергент од различни

производители се раствораат со

различна брзина. Поради тоа, некои

таблети детергент не се сосема

ефикасни за време на кратките

програми за миење. Затоа користете

долги програми за миење кога

користите таблети детергент, за да

обезбедите целосно остранување на наталожениот детергент.

Функцијата Multitab

Апаратот е опремен со "функција Multitab" (мулти-таблети) што

овозможува употреба на комбинирани таблети "Multitab" со детергент.

Тие производи се детергенти со комбинирани функции за миење,

плакнење и сол. Може да содржат и други агенси, зависно од видот

таблети што ќе ги одберете ("3 во 1", "4 во 1", "5 во 1" итн.).

Проверете дали детергентите се соодветни за тврдоста на вашата вода.

Погледнете ги упатствата на производителот.

Функцијата може да се одбере за сите програми за миење садови. Кога

ќе се одбере оваа функција, дотокот на средство за плакнење и сол од

соодветните садови автоматски се исклучува, а се исклучуваат и

показните светла за сол и средство за плакнење.

Одберете ја "функцијата Multitab" пред почетокот на програма за миење.

Штом ќе се одбере оваа функција (свети показното светло), ќе остане

активна и за следните програми за миење садови.

Функцијата Multitab

19

Кога се употребува "функцијата Multitab", траењето на циклусите може да

се смени. Во тој случај, показателот за времетраењето на програмата на

дигиталното екранче автоматски се ажурира.

Кога ќе почне програмата, "функцијата Multitab" веќе НЕ МОЖЕ да се

менува. Ако сакате да ја исклучите "функцијата Multitab", треба да ја

откажете моменталната програма, па потоа да ја исклучите "функцијата

Multitab".

Во тој случај, ќе мора повторно да поставите програма за миење

саканите опции).

Активирање/деактивирање на функцијата Multitab

Притиснете го копчето Multitab: Се пали соодветното показно светло. Тоа

значи дека функцијата е активна.

За да ја исклучите функцијата, притиснете го повторно копчето Multitab:

показното светло се гаси.

Доколку резултатите на сушењето не се задоволителни, предлагаме:

1. Наполнете го дозерот со средство за плакнење.

2. Активирајте го дозерот за средство за плакнење.

3. Поставете ја дозата на средство за плакнење во положба 2.

Активирањето/деактивирањето на дозерот за средството за плакнење

е можно само кога е активна "функцијата Multitab".

Активирање/деактивирање на дозерот за средството за плакнење

1. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување. Машината за

миење садови мора да биде во режимот за поставување.

2. Држете ги притиснати истовремено копчињата B и C , додека светлата

на копчињата A , B и C не почнат да трепкаат.

3. Притиснете го копчето B , светлата на копчињата A и C се гасат,

додека светлото на функциското копче B продолжува да трепка.

Дигиталното екранче ја покажува тековната поставка:

= Дозерот за средство за плакнење е исклучен.

= Дозерот за средство за плакнење е активен.

4. За да ја смените поставката, притиснете го повторно копчето В ,

дигитално екранче ја покажува новата поставка.

5. За да ја меморирате поставката, исклучете ја машината за миење

садови со притискање на копчето вклучување/исклучување.

Ако одлучите да се вратите на користење на системот со стандарден

детергент, советуваме:

1. Исклучете ја "функцијата Multitab".

2. Наполнете ги одново садот за сол и дозерот за средство за плакнење.

3. Регулирајте ја поставката за тврдост на водата на највисоко ниво и

пуштете 1 нормална програма за миење без да ставите садови.

4. Регулирајте ја тврдостa на водата според тврдостa на водата во

вашето подрачје.

5. Регулирајте го дозирањето на средството за плакнење.

20

Програми за миење

Програми за миење

Програма Извалка

Вид

Опис на програмата Потрошувачка

ност

прибор

1)

Предмиење

Главно миење

Меѓуплакнење

Завршно плакнење

Сушење

Траење (минути)

Енергија (kWh)

Вода (литри)

1

Нормалн

Чинии и

а

прибор

NIGHT

за

12 - 13

1,0 - 1,1

јадење

CYCLE

199 - 220

2

Мешана

Чинии,

AUTO

нормалн

прибор

1/2x

2)

45-70°

а и

за

10 - 19

80 - 125

0,8 - 1,3

голема

јадење,

извалка

тенџери

ност

ња и

тави

3

Голема Чинии,

INTENSIV

прибор

CARE 70°

за

14 - 15

1,3 - 1,5

јадење,

130 - 140

тенџери

ња и

тави

4

Мала Чинии и

8

30

0,8

30 MIN 60°

прибор

3)

за

јадење

5

Нормалн

Чинии и

4)

ECO 50°

а

прибор

за

12 - 13

0,8 - 0,9

јадење

160 - 170

6

Нормалн

Чинии и

1 HOUR

а

прибор

55°

за

45 - 55

10 - 11

0,8 - 0,9

јадење

7 Нормалн

Кревки

а

чинии и

стаклени

65 - 75

11 - 12

0,6 - 0,7

садови

Програми за миење

21

Програма Извалка

Вид

Опис на програмата Потрошувачка

ност

прибор

1)

Предмиење

Главно миење

Меѓуплакнење

Завршно плакнење

Сушење

Траење (минути)

Енергија (kWh)

Вода (литри)

8 Секаква Делумно

12

0,1

3,5

полнење

(што ќе

се

дополни

подоцна

истиот

5)

ден)

1) Вредностите за потрошувачката се за ориентација и зависат од притисокот и

температурата на водата, како и од варијациите на напонот на струјата и количеството

садови.

2) За време на програмата за миење "Auto" извалканоста на садовите се одредува според

заматеноста на водата. Траењето на програмата, потрошувачката на вода и струја може

да варираат; тоа зависи од наполнетоста на машината и од степенот на извалканост на

садовите. Температурата на водата автоматски се регулира меѓу 45°C и 70°C.

3) Идеално за миење со делумно наполнета машина. Совршена секојдневна програма,

направена да ги задоволи потребите на семејство со 4 членови за миење само на чиниите

и приборот од појадокот и вечерата.

4) Испитна програма за тестирање.

5) За оваа програма не е потребен детергент

Достапни опции за програмите за миење

Програма Полупразна машина

1

Да

NIGHT CYCLE

2

Не

AUTO 45-70°

3

Да

INTENSIV CARE 70°

4

Не

30 MIN 60°

5

Да

ECO 50°

6

Не

1 HOUR 55°

7

Не

GLASS 45°

22

Бирање и стартување на програма за миење

Достапни опции за програмите за миење

Програма Полупразна машина

8

Не

RINSE AND HOLD

Бирање и стартување на програма за миење

Одберете програма за миење и одложено почнување со подотворена

врата. Програмата или одбројувањето за одложено почнување нема да

почнат додека не ја затворите вратата. Дотогаш може да се менуваат

поставките.

1. Проверете дали корпите се правилно наполнети и дали прскалките

можат слободно да се вртат.

2. Проверете дали е отворена славината за вода.

3. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување. Машината за

миење садови мора да биде во режимот за поставување.

4. Притиснете едно од програмските копчиња додека соодветниот број

на саканата програма не се појави на дигиталното екранче (видете во

табелата "Програми за миење садови").

Светлата на програмските копчиња и бројот на програмата трепкаат.

Ако сакате да ја поставите програмата NIGHT CYCLE, притиснете го

копчето NIGHT CYCLE, соодветното показно светло се пали.

5. Ако сакате да поставите опција, видете во табелата "Програми за

миење садови" за да проверите дали таа опција е достапна со

одбраната програма.

6. Затворете ја вратата на машината, програмата почнува автоматски.

Поставување и почнување програма со одложено почнување

1. Откако ќе одберете програма за миење, притиснете го копчето за

одложено почнување додека не се појави бројот на часови за

одложено почнување на дигиталното екранче. Почетокот на

одбраната програма за миење може да се одложи од 1 до 19 часови.

2. Затворете ја вратата на машината, одбројувањето почнува

автоматски.

3. Одбројувањето е во чекори од 1 час.

4. Со отворање на вратата се прекинува одбројувањето. Затворете ја

вратата; одбројувањето ќе продолжи од местото на прекинување.

5. Кога ќе заврши одбројувањето, програмата за миење ќе почне

автоматски.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Прекинете или откажете програма за миење во тек САМО ако е апсолутно

неопходно. Внимание! Кога ќе ја отворите вратата може да излезе жешка

пареа. Отворајте ја вратата внимателно.

Празнење на машината за миење садови

23

Откажување на започнато одложено почнување или програма за

миење

Држете ги притиснати истовремено двете програмски копчиња над

зборот RESET додека не се појават 2 хоризонтални линии на

дигиталното екранче.

Откажување на одложеното почнување подразбира и откажување на

поставената програма за миење. Во тој случај треба повторно да

поставите програма за миење.

Ако треба да се одбере нова програма за миење, проверете дали има

детергент во дозерот.

Прекинување на тековна програма за миење

Отворете ја вратата на машината; програмата ќе престане. Затворете

ја вратата; програмата ќе продолжи од местото на прекинување.

Завршување на програмата за миење

Машината автоматски ќе престане и се слуша звучен сигнал што ве

известува за завршувањето на програмата за миење.

1. Отворете ја вратата на машината.

2. На дигиталното екранче се гледа 0 .

3. Свети показното светло за крај на програмата.

4. Исклучете ја машината со притискање на копчето вклучување/

исклучување.

Се препорачува апаратот да се исклучи кога ќе заврши програма за

миење. Ако тоа не се направи, 3 минути по крајот на програмата сите

показни светла ќе се изгаснат автоматски. Дигиталното екранче покажува

1 хоризонтална линија.

Тоа помага да се намали потрошувачката на енергија кога ќе заборавите

или поради која било причина не можете да го исклучите апаратот кога

ќе заврши програма.

Притиснете кое и да е копче (освен вклучување/исклучување) и

контролната табла ќе ја покаже истата ситуација (со показните светла и

дигиталното екранче) како кога завршила програмата.

5. Оставете ја вратата за миење подотворена и почекајте неколку

минути пред да ги извадите садовите; така тие ќе бидат поизладени и

сушењето ќе биде подобро.

Празнење на машината за миење садови

Жешките садови се чувствителни на удари.

Затоа садовите треба да се остават да се изладат пред да ги извадите

од апаратот.

Првин испразнете ја долната корпа, а потоа горната; така ќе избегнете

водата да капе од горната корпа на садовите во долната корпа.

24

Нега и чистење

Може да се појави кондензација од страните на вратата на машината

за миење садови бидејќи не'рѓосувачкиот челик побрзо се лади од

садовите.

ВНИМАНИЕ

Кога ќе заврши програмата за миење, се препорачува машината за

миење садови да се исклучи од струја и да се затвори доводот за вода.

Нега и чистење

Чистење на филтрите

Филтрите мора повремено да се проверуваат и чистат. Валкани филтри

ги влошуваат резултатите на миењето.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Пред да ги чистите филтрите, проверете дали машината е исклучена.

1. Отворете ја вратата, извадете ја долната корпа.

2. Системот за филтрирање на

машината за миење садови се

состои од груб филтер ( A ),

микрофилтер ( B ) и плоснат

филтер. Отклучете го системот за

филтрирање со рачката на

микрофилтерот.

3. Свртете ја рачката околу 1/4

налево и извадете ги филтрите.

4. Фатете го грубиот филтер ( A ) за

рачката со дупка и извадете го од

микрофилтерот ( B ).

5. Измијте ги сите филтри темелно

под млаз вода.

Нега и чистење

25

6. Извадете го плоснатиот филтер

од основата на преградата за

миење и темелно измијте ги двете

страни.

7. Вратете го плоснатиот филтер во

основата на преградата за миење

и проверете дали е совршено

наместен.

8. Ставете го грубиот филтер ( A ) во

микрофилтерот ( B ) и притиснете

ги заедно.

9. Вратете го комплетот филтри на

место и заклучете го вртејќи ја рачката надесно додека не застане.

Додека заклучувате, внимавајте плоснатиот филтер да не штрчи над

основата на преградата за миење.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

НИКОГАШ не користете ја машината за миење садови без филтри.

Неправилно поставување и местење на филтрите ќе предизвика послабо

миење и може да го оштети апаратот.

Чистење на прскалките

НИКОГАШ не обидувајте се да ги извадите прскалките.

Ако на дупките на прскалките се наталожила нечистотија, исчистете ја со

дрвено стапче.

Чистење однадвор

Чистете ги надворешните површини на машината и на контролната табла

со мокра мека крпа. Ако е потребно, користете само неутрални

детергенти. Не користете абразивни средства, жици или растворачи

(ацетон, трихлороетилен и сл.).

Чистење однатре

Гумите околу вратата, дозерите за детергент и за средство за плакнење

треба да се чистат редовно со мокра крпа.

Препорачуваме секои 3 месеци да се пушти програмата за миење многу

извалкани садови со детергент, но без садови.

Подолги периоди неработење

Ако не ја користите машината подолго време, ве советуваме:

1. Исклучете го апаратот од струја, па затворете го доводот на вода.

2. Оставете ја вратата подотворена за да спречите создавање

непријатни мириси.

3. Оставете ја внатрешноста на машината чиста.

26

Што да сторите ако...

Спречување смрзнување

Не поставувајте ја машината на место кадешто температурата е под

0°C. Ако е тоа неизбежно, испразнете ја машината, затворете ја вратата,

откачете го цревото за довод на вода и испразнете го.

Преместување на машината

Ако треба да ја преместите машината (се селите или сл.):

1. Исклучете ја од струја.

2. Затворете ја славината.

3. Извадете ги цревата за довод на вода и за истекување.

4. Извлечете ја машината заедно со цревата.

Избегнувајте прекумерно навалување на машината за време на

превозот.

Што да сторите ако...

Машината за миење садови не сака да стартува или да запре за време

на работа. Одредени проблеми се последица на едноставно одржување

или на превид, кои може да се решат со помош на упатствата, описшани

во табелата, без да се вика инженер.

Исклучете ја машината за миење садови и изведете ги следните

предложени корективни дејства.

Шифри за дефекти и неправилно

Можни причини и решение

функционирање

се појавува на екранчето.

Славината е блокирана или затната

краток звучен сигнал

од бигор.

Машината за миење садови не се

Исчистете ја славината.

полни со вода.

Славината е затворена. Отворете ја

славината.

Филтерот (кадешто го има) на

приклучокот на обложеното црево

кај вентилот за довод на вода е

затнат.

Исчистете го филтерот во

обложеното црево.

Цревото за довод на вода не е

правилно поставено, извиткано е

или смачкано.

Проверете го приклучокот на

цревото за довод на вода.

Што да сторите ако...

27

Шифри за дефекти и неправилно

Можни причини и решение

функционирање

се појавува на екранчето.

Одводот за вода е затнат.

краток звучен сигнал

Исчистете го одводот за вода.

Машината за миење садови не

Цревото за испуштање вода не е

испушта вода.

правилно поставено, извиткано е

или смачкано.

Проверете го приклучокот на

цревото за истекување вода.

се појавува на екранчето.

Затворете ја славината и

краток звучен сигнал

контактирајте со својот локален

Активиран е уредот за заштита од

сервисен центар.

поплавување.

Програмата не почнува. Вратата на машината за миење

садови не е добро затворена.

Затворете ја вратата.

Приклучникот не е ставен во

штекерот. Приклучете го

приклучникот во штекер.

Изгорел осигурувач на таблата со

осигурувачи.

Заменете го осигурувачот.

Поставено е одложено почнување.

Ако садовите треба да се измијат

веднаш, откажете го одложеното

почнување.

Откако сте ги провериле горенаведените работи, вклучете го апаратот:

Програмата ќе продолжи од местото на прекинување.

Ако неправилното функционирање или шифрата за дефект повторно се

појави, контактирајте со сервисниот центар.

За други шифри за дефекти што не се опишани во горната табела,

контактирајте со својот локален сервисен центар, наведувајќи го моделот

(Mod.), бројот на производот (PNC) и серискиот број (S.N.).

Тие информации се наоѓаат на плочката што се наоѓа од страната на

вратата на машината за миење садови.

За да ги имате броевите секогаш при рака, препорачуваме да ги запишете

тука:

Mod. (Модел). : . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .

PNC :. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .

S.N. (Сериски број). : . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .

28

Технички податоци

Миењето не е задоволително

Садовите не се чисти Одбрана е погрешна програма за

миење.

Садовите се распоредени на начин

што спречува водата да досегне до

сите делови на површината. Корпите

не смеат да се преполнуваат.

Прскалките не се вртат слободно

поради неправилен распоред на

садовите.

Филтрите на основата на преградата

за миење се нечисти или

неправилно поставени.

Не е ставено доволно детергент.

Кога има бигор на садовите; садот за

сол е празен или е поставено

неправилно ниво на омекнувачот на

вода.

Цревото за испуштање вода не е

добро приклучено.

Капачето на садот за сол не е

правилно затворено.

Садовите се мокри и матни Не било употребено средство за

плакнење.

Дозерот со средство за плакнење е

празен.

Има ленти, бели дамки или син слој на

Намалете ја дозата на средството за

чашите и садовите

плакнење.

На чашите и садовите има дамки од

Зголемете ја дозата на средството

капки вода

за плакнење.

Детергентот може да е причина.

Јавете се на телефонот за

корисници на производителот на

детергентот.

Ако и по сиве овие проверки проблемот останува, контактирајте со својот

локален сервисен центар.

Технички податоци

Димензии Широчина x височина x

44,6 x 81,8-89,8 x 55

длабочина (cm)

Струен приклучок - напон

Информации за поврзувањето на електриката се

- вкупна снага -

дадени на плочката од внатрешната страна на

осигурувач

вратата на машината за миење садови

Притисок на доводот за

Минимум - Максимум

0,05 - 0,8

вода

(MPa)