AEG F65401VI0P: КОНТРОЛНА ТАБЛА

КОНТРОЛНА ТАБЛА: AEG F65401VI0P

Контролна табла

9

КОНТРОЛНА ТАБЛА

Контролите се поставени на горната страна на контролната табла. За да работите со

контролите, оставете ја вратата на апаратот подотворена.

1

2

3

4

5

6

7 8

9

1 Копче за вклучување/исклучување

2 Приказ

3 Копче за одложено почнување

4 Копче за програми (долу)

5 Копче за програми (горе)

6 копче ÖKO PLUS

7 Копче за мулти-таблети

8 копче RESET

9 Показатели

Показатели

1)

Показно светло за сол. Се пали кога треба да се наполни садот за сол.

Откако ќе го наполните садот, показното светло за сол може да продолжи

да свети уште неколку часа. Тоа нема несакано влијание врз работата на

апаратот.

Показно светло за средство за плакнење. Се пали кога треба да се наполни

1)

дозерот за средство за плакнење.

Показно светло за крај на програма. Се пали кога ќе заврши програмата за

миење.

1) Кога садовите за сол и/или за средство за плакнење се празни, соодветното показно светло не се пали

додека работи програма за миење.

Копче за вклучување/исклучување

Притиснете го ова копче за да го вклучите или исклучите апаратот.

После десет минути од завршувањето на програма за миење, функцијата AUTO OFF

автоматски го исклучува апаратот. Ова помага да се намали потрошувачката на

енергија.

Приказ

Екранот покажува:

Електронско регулирање на нивото на омекнувачот на вода.

Активирање и деактивирање на дозерот за средство за плакнење (само кога е

вклучена функцијата Multitab)

Бројот на програмата за миење.

Преостанато време до крајот на програмата за миење.

10

Контролна табла

Крај на програмата за миење (на екранот ќе се појави нула)

Одбројување на одложеното почнување.

Шифри на алармот.

Активирање/деактивирање на звучните сигнали.

Копче за одложено почнување

Притискајте го ова копче повеќепати за да го одложите почнувањето на програмата за

миење од 1 до 24 часа.

Копчиња за програми

Притискајте едно од овие копчиња повеќепати за да одредите програмата за миење.

Секогаш кога ќе го притиснете копчето, екранот покажува број што е поврзан со некоја

програма за миење. Погледнете воПрограми за миење“.

копче ÖKO PLUS

Оваа функција ја намалува температурата за време на фазата на сушење.

Потрошувачката на струја се намалува за 25%.

Садовите може да бидат влажни на крајот од програмата кога ќе ја отворите вратата

на апаратот. Ви препорачуваме да ја оставете вратата подотворена за да ги оставете

садовите да се исушат.

Притиснете го ова копче

за да ја активирате оваа опција. Се пали соодветното

показно светло.

Копче за мулти-таблети

Притиснете го ова копче за да ја активирате/деактивирате функцијата Multitab.

Погледнете воФункција Multitab“.

Копче RESET

Притиснете го ова копче за да ја откажете тековната програма за миење

Режим за поставување

Апаратот мора да биде во режим за поставување за овие операции:

За поставување и почнување програма за миење.

За поставување и почнување одложен почеток.

За електронско поставување на нивото на омекнувачот на вода.

За активирање или деактивирање на дозерот за средство за плакнење (само кога е

вклучена функцијата Multitab).

Деактивирање

или активирање на звучните сигнали.

Вклучете го апаратот. Апаратот е во режим за поставување кога:

Екранот покажува две хоризонтални статусни линии.

Вклучете го апаратот. Апаратот не е во режим за поставување кога:

Екранот го покажува времето на програмата за миење или на одложеното

почнување.

Оглавление