AEG F65401VI0P: БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ: AEG F65401VI0P

4

Безбедносни информации

БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

Пред монтажа и употреба, внимателно прочитајте го ова упатство:

Заради Ваша лична безбедност и безбедноста на Вашиот имот.

За да и` помогнеме на околината.

Заради правилна работа на апаратот.

Секогаш чувајте го ова упатство со апаратот дури и ако се селите или го дадете на

друг.

Производителот не е одговорен

ако неправилната монтажа и употреба предизвикаат

оштетување.

Безбедност на децата и помалку вештите лица

Не дозволувајте им на лица, вклучително и деца, со намалено физичко чувство,

намалени ментални функции или недостаток на искуство и знаење да го користат

апаратот. Нивното ракување со апаратот мора да го надгледува или насочува лице

одговорно за нивната безбедност.

Децата мора да се надзираат за да бидете сигурни дека не

си играат со апаратот.

Сите материјали за пакување чувајте ги вон дофат на деца. Постои опасност од

задушување или физичка повреда.

Чувајте ги сите детергенти на сигурно место. Не дозволувајте деца да ги допираат

детергентите.

Држете ги децата и домашните миленичиња подалеку од апаратот кога вратата е

отворена.

Општа безбедност

Не менувајте ги спецификациите на апаратот. Постои опасност од повреда и

оштетување на апаратот.

Почитувајте ги безбедносните упатства од производителот на детергентот за да

спречите изгореници на очите, устата и грлото.

Не пијте ја водата од апаратот. Во апаратот може да има честички од детергент.

Не оставајте ја вратата на

апаратот отворена без надзор. Ова е за да се спречи

повреда или пад врз отворена врата.

Не седете и не стојте на отворената врата.

Користење

Апаратот е само за домашна употреба. Не користете го апаратот за други намени

за да спречите повреди на луѓето и оштетување на имотот.

Користете го апаратот само за прибор што може да се мие во машина за садови.

Не ставајте запаливи производи или предмети натопени со запаливи средства во

апаратот,

блиску или врз него. Постои ризик од експлозија или пожар.

Ставајте ги ножевите и сите предмети со остар врв во корпата за прибор за јадење,

со врвовите надолу. Во спротивно, ставајте ги во хоризонтална положба во горната

корпа или во корпата за ножеви. (Сите модели немаат корпа за ножеви).

Безбедносни информации

5

Користете само специјални производи за машина за миење садови (детергент, сол,

средство за плакнење).

Сол што не е за машина за миење садови може да предизвика оштетување на

омекнувачот на вода.

Наполнете го апаратот со сол пред да почнете програма за миење. Преостанатата

сол во апаратот може да предизвика корозија

или да направи дупка на дното на

апаратот.

Не полнете го дозерот за средство за плакнење со друга течност освен со средство

за плакнење (средство за чистење машина за миење садови или течен детергент).

Тоа може да предизвика оштетување на апаратот.

Проверете дали прскалките може да се движат слободно пред да

почнете програма

за миење.

Апаратот може да испушти жешка пареа ако ја отворите вратата додека работи

програмата за перење. Постои опасност од изгореници на кожата.

Не вадете ги садовите од апаратот додека не заврши програмата за миење.

Нега и чистење

Пред да го чистите апаратот, исклучете го и извадете го приклучникот од штекер.

Не употребувајте запаливи производи или производи кои предизвикуваат корозија.

Не користете го апаратот без филтри. Уверете се дека филтрите се правилно

поставени. Неправилната поставеност ќе предизвика послабо миење и може да го

оштети апаратот.

Не користете вода

во спреј или пареа за чистење на уредот. Опасност од струен

удар и оштетување на апаратот.

Монтажа

Проверете да не е оштетен апаратот. Не монтирајте или поврзувајте оштетен

апарат, контактирајте го Вашиот добавувач.

Отстранете ја амбалажата пред да го монтирате или користите апаратот.

Само квалификувано лице смее да го поврзе апаратот со струја и водоводната

мрежа и да го монтира. Така ќе се спречи ризик од структурно

оштетување или

повреда.

Внимавајте приклучокот за струја да е изваден од штекерот за време на монтажата.

Не дупчете ги страниците на апаратот за да не се оштетат хидрауличните и

електричните делови.

Важно!Следете ги упатствата дадени во образецот доставен со апаратот:

Монтирање на апаратот.

Составување на плочата на вратата.

Поврзување со доводот и одводот на вода.

Проверете дали апаратот е монтиран под или во близина на безбедна структура.

Спречување смрзнување

Не монтирајте го апаратот онаму каде што температурата е под 0°C

Производителот не е одговорен за оштетувања од замрзнување.

6

Безбедносни информации

Поврзување на водата

Употребете нови црева за да го приклучите апаратот на довод за вода. Не

употребувајте користени црева.

Не приклучувајте го апаратот на нови или на цевки што не се користеле долго

време. Оставете ја водата да тече неколку минути, па дури потоа поврзете го

доводното црево.

Внимавајте да не ги згмечите или

оштетите цревата за вода при монтажата на

апаратот.

Проверете дали споевите се стегнати за да се спречи истекување на водата.

При првата употреба на апаратот, проверете од цревата да не протекува вода.

Доводното црево има сигурносен вентил и двојна заштитна обвивка со внатрешен

кабел за довод. Во доводното црево има

притисок само кога водата тече. Ако

доводното црево протекува, безбедносниот вентил го сопира протокот на водата.

Внимавајте кога го поврзувате доводното црево:

Не ставајте ги доводното црево или безбедносниот вентил во вода.

Доколку доводното црево или безбедносниот вентил се оштетени, веднаш

извадете го приклучокот од штекерот за струја.

Доводното

црево со безбедносен вентил може да го замени само сервисен

центар.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасен напон.

Поврзување на струјата

Апаратот мора да биде заземјен.

Проверете дали податоците за струјата од плочката со спецификации одговараат

на напојувањето.

Секогаш користете правилно инсталиран приклучок за струја обезбеден од струјни

удари.

Не употребувајте штекери со повеќе приклучоци и кабли за продолжување. Постои

опасност од пожар.

Не заменувајте го ниту ставајте друг кабел за

струја. Контактирајте со сервисниот

центар.

Безбедносни информации

7

Внимавајте приклучокот и кабелот за струја да не се нагмечат или оштетат зад

апаратот.

Проверете дали има пристап до штекерот по монтажата.

Не влечете го кабелот за напојување за да го исклучите апаратот од струја.

Секогаш повлекувајте го приклучокот.

Сервисен центар

Само квалификувано лице може да го поправа апаратот или да работи на него.

Контактирајте со сервисниот центар.

Користете само оригинални резервни делови.

Расходување на апаратот.

За да се спречи ризик од повреда или оштетување:

Извадете го приклучокот за струја од штекерот.

Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.

Извадете ја бравата на вратата. Ова спречува затворање на деца или

галеничиња во апаратот. Постои опасност од задушување

Фрлете го апаратот во локален центар за

отпад.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Детергентите за машината за миење садови се опасни и можат да предизвикаат

корозија!

Ако се случи незгода со овие детергенти, веднаш повикајте лекар.

Ако детергентот дојде во допир со уста, веднаш повикајте лекар.

Ако детергентот дојде во допир со очите, веднаш повикајте лекар и исплакнете ги

очите со вода.

Чувајте ги детергентите за машината за миење садови на безбедно место и вон

дофат на деца.

Не држете ја вратата на апаратот отворена кога има детергент во дозерот за

детергент.

Полнете го дозерот за детергент само пред да почнете програма за миење.

Оглавление