AEG F78001VI0P: ОДБИРАЊЕ И ПОЧНУВАЊЕ ПРОГРАМА ЗА МИЕЊЕ

ОДБИРАЊЕ И ПОЧНУВАЊЕ ПРОГРАМА ЗА МИЕЊЕ: AEG F78001VI0P

18

Одбирање и почнување програма за миење

Програма Време на

Енергија (kWh) Вода (литри)

програмата

(минути)

5 160 - 170 0,9 - 1,0 9 - 11

6 50 - 60 1,0 - 1,2 10 - 11

7 65 - 75 0,8 - 0,9 11 - 12

8 14 0,1 4

Притисокот и температурата на водата, варијациите во електричното напојување и

количеството садови може да ги сменат потрошувачките вредности.

ОДБИРАЊЕ И ПОЧНУВАЊЕ ПРОГРАМА ЗА МИЕЊЕ

Почнување програма за миење без одложено почнување

1. Вклучете го апаратот.

2. Проверете дали апаратот е во режимот за поставување.

3. Поставете програма за миење.

Бројот што се однесува на програмата за миење трепка на екранот.

4. Ако е неопходно, поставете ја функцијата за дополнителна хигиена.

5. Затворете ја вратата на машината, програмата почнува автоматски.

Почнување на програмата за миење со одложување

1. Вклучете го апаратот.

2. Уверете се дека апаратот е во режимот на поставување.

3. Поставете ја програмата за миење и, ако треба, поставете ја функцијата за

дополнителна хигиена.

4. Притискајте го копчето за одложување сè додека на екранот не се прикаже

времето на одложеното почнување.

Времето на одложување почнува да трепка на

екранот.

Се пали показателот за одложено почнување.

5. Затворете ја вратата од апаратот, одбројувањето почнува автоматски.

Штом заврши одбројувањето, програмата за миење почнува автоматски.

Со отворање на вратата на апаратот запира одбројувањето. Кога ќе ја затворите

вратата, одбројувањето почнува од точката на прекинот.

Одбирање и почнување програма за миење

19

Прекинување на одложеното почнување

Ако вратата на апаратот е отворена и одбројувањето не започнало

1. Притискајте го копчето за одложување повеќепати додека на екранот не се

прикаже бројот на програмата за миење.

Бројката трепка на екранот.

2. Затворете ја вратата на машината, програмата почнува автоматски.

Ако вратата на апаратот е затворена и одбројувањето трае

1. Отворете ја

вратата на апаратот.

2. Притискајте го копчето за одложување повеќепати додека на екранот не се

прикаже бројот на програмата за миење.

Бројот трепка неколку секунди и времето на програмата за миење се прикажува

на екранот.

3. Затворете ја вратата на машината, програмата почнува автоматски.

Прекинување на програма за миење

Отворете ја вратата на апаратот.

Програмата за миење запира.

Затворете ја вратата на апаратот.

Програмата за миење продолжува од точката на прекинот.

Откажување програма за миење

Ако програмата за миење не почнала, може да го смените изборот.

За да го смените изборот при работа на програмата за миење, неопходно е да ја

откажете програмата.

Притискајте го копчето RESET додека на екранот не се појават две хоризонтални

статусни ленти.

Проверете дали има детергент во дозерот за детергент пред да почнете нова

програма за миење.

Завршување програма за миење

Кога програмата за миење ќе заврши, се огласува испрекинет звучен сигнал.

1. Отворете ја вратата на апаратот.

Показателот за крај свети.

Екранот покажува нула.

2. Исклучете го апаратот.

3. За подобри резултати на сушење, оставете ја вратата на апаратот подотворена

неколку минути.

Извадете ги предметите од корпите

Оставете ги садовите да се изладат пред да ги извадите од апаратот. Жешките

садови лесно се оштетуваат.

Првин испразнете ја долната корпа, а потоа горната.

Оглавление