Samsung UE32H6410SS: Користење на Samsung Smart Control

Користење на Samsung Smart Control: Samsung UE32H6410SS

background image

Македонски - 14

Користење на Samsung Smart Control

Samsung Smart Control овозможува поедноставно и попрактично користење на телевизорот. Со притиснување 

на копчето 

KEYPAD

 се прикажува виртуелен далечински управувач кој овозможува лесно внесување на цифри, 

контролирање на содржини и активирање на функции на екранот.

-

Ви препорачуваме да користите Samsung Smart Control на растојание помало од 6m. Растојанието до кое може 

да се користи уредот може да се разликува во зависност од условите во безжичното опкружување.

Впарување Samsung Smart Control

За да го контролирате телевизорот со Samsung Smart Control, треба да го впарите Samsung Smart Control со 

телевизорот преку Bluetooth. Впарете го Samsung Smart Control со телевизорот.

-

Samsung Smart Control може да се впари само со еден телевизор.

Насочете го Samsung Smart Control кон сензорот за далечинскиот управувач на телевизорот и притиснете го копчето 

TV

 за да го вклучите телевизорот.

-

Положбата на приемникот за далечинскиот управувач е различна во зависност од моделот.

Повторно поврзување на Samsung Smart Control

Ако Samsung Smart Control престане да функционира или започне да работи неправилно, заменете ги батериите 

бидејќи сето тоа може да биде предизвикано поради недоволна енергија во батеријата.

Ако проблемот не се отстрани, обновете го впарувањето на Samsung Smart Control со телевизорот.

1. 

Притиснете ги копчињата 

RETURN

 и 

GUIDE

 истовремено и задржете повеќе од 3 секунди.

-

Мора да го поставите Samsung Smart Control на оддалеченост од приближно 30cm - 40cm од телевизорот и 

да го насочите кон приемникот за далечинскиот управувач.

2. 

На екранот ќе се појави слика за поврзување. А потоа, Samsung Smart Control автоматски ќе се поврзе со 

телевизорот.

Кога ќе ја видите оваа икона за предупредување на екранот...

Иконата за предупредување подолу означува дека батериите на Samsung Smart Control 

се слаби. Ако се појави икона за предупредување, заменете ги батериите. Samsung 

препорачува користење на алкални батерии за подолг работен век.

<Икона за предупредување 

за слаба батерија>

[UH6410-XH]BN68-06068C-01L16.indb   14

2014-05-13     9:21:26

background image

Македонски - 15

Македонски

Користење на телевизорот со движење на Samsung Smart 

Control

Samsung Smart Control има сензор за движења (жироскоп) кој ви овозможува едноставно користење на телевизорот 

со држење и движење на Samsung Smart Control.

Откако ќе го ставите прстот врз подлогата за допир, на екранот ќе се појави покажувач. Држете го и поместувајте го 

Samsung Smart Control. Покажувачот ќе се движи на истиот начин како што се движи и Samsung Smart Control. Исто 

така, можете да ги придвижувате нагоре и надолу екраните што можат да се придвижуваат.

-

Ако го тргнете прстот од подлогата за допир, покажувачот на екранот ќе се исчезне.

Користење на телевизорот со подлогата за допир

-

Одете до менито за 

Поддршка

 и изберете ја опцијата 

Упатство за Smart Control

 за да научите како да ја користите 

подлогата за допир, следејќи ги инструкциите на екранот.

Поместување на означувањето/покажувачот

Притиснете ги копчињата за насочување (нагоре, надолу, лево и десно) за да го поместите покажувачот или 

означувањето во некоја насока.

Пристапување до менито и избирање елементи

Притиснете на подлогата за допир. Тоа ќе ви овозможи да пристапите до мените на телевизорот или да изберете 

некој елемент.

Прикажување на контекстни менија на Smart Hub

Притиснете и задржете врз подлогата за допир во екранот на функцијата Smart Hub. Ќе се појави менито на 

функцијата Опции која е достапна за избраниот елемент.

-

Менито на функцијата Опции зависи од контекстот.

Преминување на панелот на Smart Hub

На екранот на функцијата Smart Hub, повлечете лево или десно со прстот врз подлогата. На тој начин ќе ги поместите 

панелите на Smart Hub во лева или десна насока.

Придвижување со функцијата Web Browser

Влечете нагоре/надолу со прстот врз подлогата за допир во екранот на интернет пребарувачот. На овој начин можете 

да го придвижувате екранот на интернет пребарувачот.

[UH6410-XH]BN68-06068C-01L16.indb   15

2014-05-13     9:21:26

Оглавление