Samsung PS60E550D1W: This page is intentionally left blank.
This page is intentionally left blank.: Samsung PS60E550D1W
This page is intentionally
left blank.
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 23 2012-07-10 �� 10:33:03
За повеќе информации за начинот на прегледување на e-Manual (стр. 14)
Броевите и сликите од овој прирачник за користење служат само како референца и може да се разликуваат од вистинскиот приказ на
производот. Дизајнот и спецификациите на производот можат да се променат без претходно известување.
Известување за дигитална телевизија
1. Функциите поврзани со дигиталната телевизија (DVB) се достапни само во држави/области во кои се емитуваат дигитални антенски
сигнали DVB-T (MPEG2 и MPEG4 AVC) или во места од кои можете да пристапите до компатибилна услуга за кабелска телевизија DVB-C
(MPEG2 и MPEG4 AAC). Прашајте го локалниот продавач за можноста за примање на DVB-T или DVB-C сигнал.
2. DVB-T претставува DVB стандард во Европскиот конзорциум за емитување на дигитална антенска телевизија, а DVB-C претставува
стандард за емитување на дигитална кабелска телевизија. Меѓутоа, некои поразлични функции како EPG (електронски програмски водич),
VOD (видео по потреба) и така натаму, не се вклучени во овие спецификации. Тоа значи дека тие нема да функционираат во моментот.
3. Иако овој телевизор ги задоволува најновите стандарди за DVB-T и DVB-C, почнувајќи од [август, 2008 година], не можеме да гарантираме
компатибилност со идните емитувања на DVB-T дигитален антенски и DVB-C дигитален кабелски сигнал.
4. Во зависност од државата/областа во која се користи овој телевизор, некои даватели на кабелска телевизија може дополнително да ви
наплатат за таквата услуга, а може да биде потребно и да се согласите со условите и одредбите на нивното деловно работење.
5. Некои функции за дигиталната телевизија може да бидат недостапни во некои држави и региони, а DVB-C може да не работи правилно со
некои даватели на кабелски услуги.
6. За повеќе информации, обратете се во вашиот локален центар за грижа на корисници од Samsung.
✎
Квалитетот на приемот на телевизорот може да се намали поради разлики во начините за емитување во различни држави.
Проверете ги перформансите на телевизорот кај овластениот локален продавач на SAMSUNG или центарот за поддршка на
Samsung, за да дознаете дали може да ги подобрите со повторно конфигурирање на поставувањата на телевизорот.
Совети за корисниците
• Задржување на сликата на екранот
Избегнувајте прикажување на неподвижна слика (како при играње игри) на екранот со плазма подолго време, бидејќи тоа може да
предизвика задржување на сликата на екранот. Ова заостанување на сликата е познато и како “горење на екранот”. За да избегнете
заостанување на сликата, намалете го нивото на осветленост и контраст на екранот при прикажување на неподвижна слика.
• Топлина на горниот дел од телевизорот со плазма
По долги периоди на користење горниот дел од производот може да стане многу топол бидејќи топлината од екранот низ отворот за
вентилација се движи кон горниот дел на производот.
Ова е нормално и не претставува знак на дефект или проблем во функционирањето на производот.
Меѓутоа, на децата не треба да им се дозволи да го допираат горниот дел на уредот.
• Производот создава звук на “крцкање”.
Понекогаш може да се слушне звук на “крцкање” при собирањето или ширењето на производот кое настанува заради промените на
температурата или влажноста во околината. Ова е нормално и не претставува знак на дефект.
• Дефекти на ќелиите
PDP телевизорот користи екран кој се состои од 2.360.000(HD-ниво) до 6.221.000(FHD-ниво) пиксели за чие создавање е потребна
софистицирана технологија. Сепак, на екранот може да се појават неколку светли или темни пиксели. Овие пиксели нема да имаат
никакво влијание на перформансите на уредот.
• Избегнувајте користење на телевизорот на температури под 41°F (5°C)
• Предолгото прикажување на неподвижна слика може да предизвика трајно оштетување на PDP екранот.
Гледањето на плазма телевизорот во формат 4:3 подолг период може да остави траги на левиот, десниот и централниот
дел од екранот, кои се јавуваат поради разликата во емитувањето на светлината на екранот. Репродукцијата од DVD или
конзола за игри може да предизвика слични ефекти на екранот.
Оштетувањето предизвикано од горниот ефект не е покриено со гаранцијата.
• Заостанати облици од сликата на екранот.
Прикажувањето на неподвижна слика од видео игри и компјутер подолг временски период може да предизвика делумни заостанати
облици на сликата.
За спречување на овој ефект, намалете го “интензитетот” и “контрастот” при прикажување на неподвижни слики подолго време.
• Гаранција
Гаранцијата не ги покрива оштетувањата предизвикани од задржување на сликата на екранот.
Горењето на екранот не е покриено со гаранцијата.
Правилно отстранување на овој производ (отстранување на електрична & електронска опрема)
(се однесува на државите од Европската Унија и другите европски држави со одделни системи за отстранување
на отпадоци)
Оваа ознака на производот, галантеријата или литературата посочува дека производот и неговата електронска
дополнителна опрема (на пр. полнач, слушалки со микрофон, USB кабел) не треба да се отстранат заедно со останатиот
отпад од домаќинството на крајот од работниот век. За да се спречи можна штета врз околината или човечкото
здравје од неконтролирано отстранување на отпад, ве молиме одделете ги овие предмети од другите видови на отпад
и рециклирајте ги за да промовирате повторно користење на материјалите. Корисниците од домаќинствата би требало
да се обратат до местото на купување или до локалната владина канцеларија за детали околу тоа каде и како ќе можат
да ги однесат овие предмети на безбедно рециклирање. Деловните корисници треба да се обратат до својот набавувач
и да ги проверат условите и одредбите од договорот за купување. Овој производ и неговата електронска дополнителна
опрема не треба да се отстранува заедно со другите комерцијални видови на отпад.
Правилно отстранување на батериите од овој производ
(се однесува на државите од Европската Унија и другите европски држави со одделни системи за отстранување
на батерии)
Оваа ознака на батеријата, прирачникот или пакувањето посочува дека батериите од овој производ не треба да
се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. Ознаките за хемиските
симболи Hg, Cd или Pb посочуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над референтните нивоа од
EC Directive 2006/66. Доколку батериите не се отстранат правилно, овие супстанци можат да предизвикаат штети на
човековото здравје или опкружувањето. За заштита на природните ресурси и промовирање на повторната употреба на
материјалите, одделете ги батериите од останатите видови на отпад и рециклирајте ги со помош на бесплатниот локален
систем за рециклирање на батерии.
Македонски - 2
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 2 2012-07-10 �� 10:33:04
Обезбедување на просторот за инсталација
Одржувајте го потребното растојание помеѓу телевизорот и останатите предмети (на пр. ѕидови) за да
овозможите соодветна инсталација.
Доколку не се придржувате до ова, може да предизвикате пожар или проблем кај производот поради
зголемување на внатрешната температура на производот.
✎
Доколку користите држач или ѕиден носач, користете делови обезбедени само од компанијата Samsung
Electronics.
• Ако користите делови обезбедени од други производители, може да предизвикате проблем кај
производот или повреда поради неисправност на уредот.
✎
Изгледот може да се разликува во зависност од производот.
• Внимавајте кога го допирате телевизорот, бидејќи некои делови може да бидат многу загреани.
Македонски
Инсталација со држач. Инсталација со ѕиден носач.
10 cm
10 cm
10 cm10 cm
10 cm
10 cm
10 cm
Листа на функции
• 3D: Оваа возбудлива нова функција ви овозможува да гледате 3D содржини од некои станици за емитување
или 3D BD плеери.
• SMART HUB: Порта кон сите содржини кои се интегрирани на едно место.
− Сите тие интегрирани содржини ви овозможуваат полесни и различни можности за забава.
− Контролирајте ја забавата во животот со едноставниот и практичен кориснички интерфејс.
− Пристап до различни апликации чиј број секојдневно се зголемува.
− Прилагодете го вашиот телевизор со групирање & сортирање на апликациите по ваш вкус.
• AllShare Play: Функцијата AllShare репродукц. ви овозможува пристап, прегледување или репродуцирање на
фотографии, видео снимки или песни сместени на USB уреди, дигитални фото апарати, мобилни телефони
и компјутери. До компјутерите, мобилните телефони и останатите компатибилни уреди може безжично да
пристапите, преку вашата безжична мрежа.
• Anynet+ (HDMI-CEC): Овозможува контрола на сите поврзани уреди од Samsung кои поддржуваат Anynet+
со далечинскиот управувач од вашиот телевизор од Samsung.
• e-Manual: Овозможува читање на прирачникот на цел екран. (стр. 14)
Македонски - 3
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 3 2012-07-10 �� 10:33:04
Дополнителна опрема
✎
Ве молиме проверете дали следните елементи се испорачани со вашиот телевизор. Доколку некои
елементи недостасуваат, обратете се до вашиот продавач.
✎
Бојата и обликот на предметите може да се разликуваат во зависност од моделите.
✎
Каблите кои не се испорачуваат во пакетот можат да се купат одделно.
✎
Проверете дали има дополнителна опрема која е скриена зад преградите во пакувањето кога ќе ја
отворите кутијата.
[
ВНИМАНИЕ: ВМЕТНЕТЕ ГИ ЦВРСТО ЗА ПОДОЦНА ДА НЕ СЕ ОТКАЧАТ ОД УРЕДОТ
• Далечински управувач & батерии (AAA x 2) • Кабел за напојување
• Прирачник за користење • Ткаенина-за-чистење
• Картичка за гаранција (не е достапна во некои локации) /
• Активни очила за 3D од Samsung
упатство за безбедност
Феритно јадро (2EA)
✎
Феритно јадро на кабелот за напојување: Феритните јадра се користат за
заштита на каблите од пречки. При поврзување на кабелот, отворете го
феритното јадро и закачете го околу кабелот во близина на приклучокот, како
што е прикажано на сликата.
A
• A Максимална оддалеченост од феритното јадро до крајот на кабелот кој е
вметнат во телевизорот: 3/4 инчи
Кабел за напојување
✎
Феритно јадро: Феритните јадра се користат за заштита на каблите од пречки.
При поврзување на кабелот, отворете го феритното јадро и закачете го околу
кабелот во близина на приклучокот, како што е прикажано на сликата.
LAN кабел
(се продава одделно)
• Можно е да ви наплатат дополнително доколку
− (a) повикате инженер кој ќе утврди дека нема дефект на производот
(т.е. во случај кога не сте го прочитале целосно прирачникот за користење)
− (b) го донесете уредот во сервисен центар каде што ќе се утврди дека нема дефект на производот
(т.е. во случај кога не сте го прочитале целосно прирачникот за користење).
• Износот за дополнителната наплата ќе ви биде соопштен пред да започнат со поправката или да ве посетат
во домот.
Македонски - 4
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 4 2012-07-10 �� 10:33:05
Користење на контролното копче на телевизорот (копче на панелот)
Контролното копче на телевизорот претставува повеќенасочно копче кое овозможува навигација без
далечински управувач.
✎
Некои функции, за кои е потребен PIN код, може да не бидат достапни.
✎
Бојата и обликот на производот може да се разликуваат во зависност од моделот.
✎
Контролното копче на телевизорот, мало копче во вид на управувачка палка сместено на долната лева
страна на телевизорот, ви овозможува да го контролирате телевизорот без далечинскиот управувач.
Мени за функции
mR
P
Македонски
Сензор за далечинскиот управувач
Надолу (напред)
Лево
Десно
Контролно копче на телевизорот
Нагоре (позади)
✎
Следете ги овие упатства, седејќи свртени кон предната страна на телевизорот.
✎
При избирање на функцијата со движење на контролното копче во една од насоките нанапред/наназад/
лево/десно, внимавајте да не го притиснете контролното копче. Ако прво го притиснете, нема да можете
да ракувате со движењето во насоките нанапред/наназад/лево/десно.
Вклучување на напојувањето Вклучете го телевизорот со притиснување на контролното копче кога
телевизорот е во режим на подготвеност.
Прилагодување на јачината на
Со движење на контролното копче од една на друга страна, кога
звукот
напојувањето е вклучено, може да ја прилагодувате јачината на звукот.
Избирање на канал Изберете канал со поместување на контролното копче наназад и нанапред,
кога напојувањето е вклучено.
Користење на менито за
За прегледување и користење на менито за функции, притиснете и отпуштете
функции
го контролното копче кога напојувањето е вклучено. За затворање на менито
за функции, повторно притиснете и отпуштете го контролното копче.
Избирање на функцијата
Штом се појави менито за функции, изберете МЕНИ (m) со поместување на
МЕНИ (m)
контролното копче на лева страна. Ќе се појави менито на екранот (OSD). Изберете
опција со поместување на контролното копче на десна страна. Поместете го
контролното копче на десна или лева страна или, пак, наназад и нанапред за да
извршите дополнителни избирања. За промена на некој параметар, прво изберете
го параметарот, а потоа притиснете го контролното копче.
Избирање на функцијата
Штом се појави менито за функции, изберете SMART HUB (™) со
SMART HUB (™)
поместување на контролното копче наназад. Ќе се појави главниот екран
на функцијата SMART HUB. Изберете некоја апликација со поместување на
контролното копче, а потоа притиснете го контролното копче.
Избирање на функцијата
Штом се појави менито за функции, отворете ја функцијата Извор (s) со
Извор (s)
поместување на контролното копче на десна страна. Ќе се појави екранот на
функцијата Извор. За да изберете Извор, поместете го контролното копче наназад
и нанапред. Кога ќе го означите саканиот извор, притиснете го контролното копче.
Исклучи (P)
Штом се појави менито за функции, изберете Исклучи (P) со повлекување
на контролното копче нанапред, а потоа притиснете го контролното копче.
✎
За затворање на функциите Мени, Smart Hub, или Извор, притиснете го контролното копче подолго од 1 секунда.
Режим на подготвеност
Вашиот телевизор ќе премине во режим на подготвеност кога ќе го исклучите и тој ќе продолжи да троши мало количество на
електрична енергија. За да бидете безбедни и да ја намалите потрошувачката на енергија, не го оставајте вашиот телевизор подолг
период во режим на подготвеност (на пример, кога ќе отпатувате на одмор). Најдобро е да го исклучите кабелот за напојување.
Македонски - 5
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 5 2012-07-10 �� 10:33:05
Копчиња на далечинскиот управувач
✎
Ова е специјален далечински управувач за лица со оштетен вид и располага со Braille точки на копчето за
напојување, каналите и јачина на звук.
Вклучување и исклучување на
телевизорот.
Овозможува прикажување и избирање
на достапни видео извори. (стр. 12)
Директно бирање на HDMI режим.
Добијте директен пристап до каналите.
Алтернативно избирање на вклучен,
Враќање на претходниот канал.
двоен, мешан или исклучен телетекст.
Привремено исклучување на звукот.
Прилагодување на јачината на звукот.
Менување на канали.
Ги прикажува апликациите од услугата
Прикажување на списокот со канали
Smart Hub. Погледнете го поглавјето
на екранот.
Напредни функции → Smart Hub во
Прикажување на EPG (Electronic
e-Manual.
Programme Guide).
Активирање на OSD.
Брзо избирање на често користените
Прикажува информации на екранот на
функции. Користете го ова копче за
телевизорот.
одредена функција.
u
/
d
/
l
/
r
: Движење на курсорот за
избирање на елементи од менито на
екранот.
E
: Избирање на менито и менување на
Враќање на претходно мени.
соодветните вредности на елементите.
Овозможува излез од менито на екранот.
Користете ги овие копчиња според
Family Story: Поврзете се со апликацијата
насоката на екранот.
Family Story. Погледнете го поглавјето
Напредни функции → Family Story.
SEARCH: Поддржува препорачани
зборови за пребарување и функција за
P. SIZE
AD/SUBT.
пребарување. Погледнете го поглавјето
Напредни функции → Пребарувај во
e-Manual.
Користете ги овие копчиња за
W
: Вклучување или исклучување на
одредена функција.
функцијата 3D слика. Погледнете го
За повеќе детали, погледнете во
поглавјето Напредни функции → 3D.
e-Manual.
SUPPORT: Ви овозможува користење
на разни помошни функции, меѓу кои и
e-Manual. (стр. 14)
P.SIZE: Ви овозможува да ја изберете
функцијата Гол. на сликата. Погледнете го
поглавјето Основна функција → Менување
на големината на сликата во e-Manual.
AD/SUBT.: Овозможува вклучување или
исклучување на функцијата Опис на звук.
Ова не е достапно во некои локации.
/ Прикажување на дигитални преводи.
Погледнете го поглавјето Други функции →
Превод во e-Manual.
Македонски - 6
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 6 2012-07-10 �� 10:33:06
Поставување на батериите (големина на батерија: AAA)
X
Y
Z
✎
ЗАБЕЛЕШКА
• Користете го далечинскиот управувач на оддалеченост до 23 стапки од телевизорот.
Македонски
• Силната светлина може да влијае на перформансите на далечинскиот управувач. Избегнувајте да го
користите во близина на специјални флуоресцентни светилки или неонски знаци.
• Бојата и обликот може да се разликуваат во зависност од моделот.
Поврзување на антена
При првото вклучување на телевизорот, основните поставувања автоматски се активираат.
✎
Постапка: Поврзување на кабелот за напојување и антената.
✎
PDP уредот може да пречи на обично радио или AM радио.
✎
Ако користите двонасочни мобилни радио и преносливи уреди, аматерско радио или AM радио во
близина на вашиот телевизор, може да предизвикате неправилно работење на телевизорот.
Кабелска
VHF/UHF антена
Влез за напојување
или
Кабел за антена (не се испорачува)
Македонски - 7
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 7 2012-07-10 �� 10:33:07
Поставување (почетно поставување)
Кога за прв пат ќе го вклучите телевизорот, во конфигурирањето на основните поставувања ќе ви помогнат
серија на прозорци и екрани за потврда. За активирање на функцијата Постав., притиснете го копчето P на
вашиот далечински управувач.
✎
Постав. е достапно само кога влезниот извор е поставен на ТВ. Погледнете го делот "Менување на
влезниот извор" (стр. 12).
✎
За да се вратите на претходниот чекор од серијата екрани на функцијата Постав., изберете Претход..
✎
Пред да започнете, проверете дали сте поврзале антена или кабелска врска на телевизорот и дали
телевизорот е приклучен во струја. (стр. 7).
✎
За активирање на функцијата Постав. изберете Почеток.
Јазик на мени:
Изберете го саканиот јазик на мени со помош на вашиот далечински
1
Избирање на јазик на
управувач, а потоа изберете Следи. Телевизорот ќе го прикаже менито со
мени
избраниот јазик од следниот чекор.
Кор. го режимот:
Изберете ја функцијата Дом. упот. со помош на вашиот далечински
2
Изберете го режимот
управувач, а потоа изберете Следи. Режимот Демо за продавница е
Дом. упот..
наменет за продавници.
Мрежни поставки:
За поставување на вашата мрежна врска, изберете Следи со помош
3
Конфигурирање на
на вашиот далечински управувач. Доколку не ги знаете информациите
мрежните поставки
за поставување на вашата мрежа или сакате да ја поставите подоцна,
✎
За да се поврзете
изберете Скок.. За подетални информации, погледнете го делот
подоцна, изберете
“Поставување на жична или безжична мрежа” во e-Manual за да ги дознаете
Скок..
условите и инструкциите за поставување и делот за мрежна врска од овој
прирачник (стр. 13). Мрежната врска можете да ја поставите подоцна со
помош на менито Мрежа.
Софтвер.
Изберете Следи за надградба на софтверот на телевизорот. Ако за вашиот
4
надградување:
телевизор е потребно надградување на софтверот, тој автоматски ќе се
Надградување
надогради. Доколку сакате подоцна да го надградите, изберете Скок..
на софтверот со
За повеќе информации, погледнете го делот за Софтвер. надградување
најновата верзија
(претпочитани карактеристики → мени за поддршка) во e-Manual.
✎
За да извршите
✎
Овој процес може да потрае, во зависност од статусот на мрежата.
надградба
подоцна, изберете
Скок..
Изберете земја. (во
Изберете ја соодветната земја.
5
зависност од земјата)
✎
Откако ќе изберете земја во менито Земја, кај некои модели може да се
појави дополнителна опција за поставување на PIN број.
Авто. преб. канали
Ајде да ги пронајдеме и зачуваме каналите на Вашиот ТВ (Телевизор).Дали е
6
(1): Можност за избор
потребно пребарување на канали?
на начинот на гледање
• Да, потребно е.: Сите канали што се достапни ке бидат пронајдени и
телевизија
зачувани на ТВ (Телевизор)
• Не, не е потребно.: Мојот ресивер ми ги пренесува сите канали што се
достапни па затоа не ми е потребно пребарувањ на канали.
Македонски - 8
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 8 2012-07-10 �� 10:33:07
Авто. преб. канали
Изберете го изворот на каналот кој сакате да го зачувате. Ако изворот
7
(2): (во зависност од
на антена го поставите на Кабел, ќе следи чекор кој ќе ви овозможи да
земјата) Избирање на
доделите нумерички вредности (фреквенции на каналите) на каналите. За
опции за пребарување
повеќе информации, погледнете го делот Авто. преб. канали (Мени за
канали → Зачувување на канали) во e-Manual.
✎
Изберете Стоп во кој било момент за да го прекинете процесот на
меморирање.
Часовн.: Поставување
• Авто.: Автоматско поставување на тековното време.
8
на Реж. на час.
• Рачен: Овозможува рачно поставување на тековниот датум и време.
Врем. зона (во
Овој чекор е достапен само кога режимот на часовник е поставен на Авто..
9
зависност од земјата):
Македонски
• Авто.: Автоматско поставување на временската зона.
Поставување на
вашата временска
• Рачен: Рачно поставување на временската зона.
зона
✎
Доколку изберете Рачен, може да изберете дали функцијата DST
(летно сметање на времето) ќе ја поставите на Вкл или Иск. (во
зависност од земјата)
Постав. е завршено Изберете Затвори за да завршите.
10
✎
Ќе се прикажат потврдените поставувања.
Доколку сакате да ја ресетирате оваа функција...
Изберете Систем - Постав. (почетно поставување). Внесете го вашиот PIN број од 4 цифри. Зададениот PIN
број е “0-0-0-0”. Ако сакате да го промените PIN бројот, употребете ја функцијата Измени PIN.
Потребно е повторно да ја активирате функцијата Постав. (Мени → Систем) во домот, иако веќе била
активирана во продавницата.
✎
Доколку го заборавите PIN кодот, притиснете ги копчињата на далечинскиот управувач по следниот
редослед во режим на подготвеност, со што ќе го вратите PIN бројот на “0-0-0-0”: MUTE → 8 → 2 → 4 →
POWER (вкл).
Македонски - 9
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 9 2012-07-10 �� 10:33:07
Поврзување
✎
За повеќе информации, погледнете го делот Поврзување на телевизорот во e-Manual.
✎
Прикажаната слика може да биде различна, во зависност од моделот.
Поврзување со DVD домашно кино
OPTICAL
Поврзување со компјутер
HDMI OUT
(не се испорачува)
HDMI кабел
Оптички кабел
(не се испорачува)
DVI OUT
HDMI кон DVI кабел
(не се испорачува)
AUDIO OUT
(не се испорачува)
Аудио кабел
HDMI кабел (не се испорачува)
Поврзување со HDMI
BD плеер
HDMI OUT
Поврзување со AV кабли
BD плеер
Видео кабел (не се испорачува)
VIDEO OUT
SERVICE: Приклучок наменет
само за сервисирање.
(не се испорачува)
Аудио кабел
AUDIO OUT
R-AUDIO-L
Scart кабел
(не се испорачува)
Поврзување со
компонентни кабли
BD плеер
VCR или DVD
(не се испорачува)
Аудио кабел
AUDIO OUT
EXT
R-AUDIO-L
COMPONENT OUT
Компонентен кабел
P
R
P
B
Y
Поврзување со SCART
(не се испорачува)
Македонски - 10
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 10 2012-07-10 �� 10:33:09
Поврзување со отворот за COMMON INTERFACE (отвор за картичка за гледање кај вашиот телевизор)
Користење на “CI или CI+ картичка”
За гледање на канали кои треба да се платат, мора да вметнете
“CI или CI+ картичка”.
• Ако не вметнете “CI или CI+ картичка”, на некои канали ќе
се прикаже пораката “Кодиран сигнал”.
• По 2-3 минути ќе се прикажат информации за впарување
кои содржат телефонски број, ID ознаката на “CI или CI+
картичка”, Host ID и други информации. Доколку се прикаже
порака за грешка, ве молиме обратете се до давателот на
Македонски
услугата.
• По завршување на конфигурирањето на информациите
за каналите ќе се прикаже пораката “Ажурирањето е
завршено”, известувајќи ве дека списокот со канали е ажуриран.
✎
ЗАБЕЛЕШКА
• “CI или CI+ картичка” мора да обезбедите од локалниот давател на кабелски услуги.
• При отстранување на “CI или CI+ картичка”, внимателно извлечете ја со рацете бидејќи ако “CI или CI+
картичката” ви падне може да ја оштетите.
• Вметнете ја “CI или CI+ картичката” во насоката која е означена на картичката.
• Положбата на отворот за COMMON INTERFACE може да се разликува во зависност од моделот.
• “CI или CI+ картичката” не е поддржана во некои држави и региони; проверете кај овластениот
продавач.
• Доколку имате некакви проблеми, обратете се кај давателот на услуги.
• Вметнете “CI или CI+ картичка” која ги поддржува тековните поставувања на антената. На екранот ќе се
појават изобличувања или ништо нема да се прикаже.
Македонски - 11
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 11 2012-07-10 �� 10:33:09
Менување на влезниот извор
Извор
™ → Извор
Користете го за избирање на телевизорот или надворешен влезен извор како DVD плеер / Blu-ray плеер /
кабелски приемник / STB сателитски приемник.
■ ТВ / Надв. / HDMI1/DVI / HDMI2 / HDMI3 / AV / Компонента
1. Притиснете го копчето ™ на вашиот далечински управувач. Ќе се појави екранот на функцијата Smart Hub.
2. Изберете Извор. Ќе се појави екранот на функцијата Извор.
3. Изберете го саканиот надворешен влезен извор.
✎
Може да избирате само надворешни уреди кои се поврзани на телевизорот. Во прикажаниот список на
функцијата Извор, поврзаните влезни сигнали ќе бидат означени.
✎
Во функцијата Извор, Надв. секогаш останува активно.
Како да ја користите функцијата Уреди име
Уреди име ви овозможува да доделите име на уредот кој обезбедува влезен сигнал. За да пристапите до
функцијата Уреди име, отворете го менито Алатки кога ќе се прикаже функцијата Извор. Функцијата Уреди
име ќе понуди неколку опции за избор подолу:
■ VCR / DVD / Кабелски STB / STB на сателит / PVR STB / AV приемник / Игри / Камера / PC / DVI PC / DVI
уреди / ТВ / IPTV / Blu-ray / HD DVD / DMA: Внесете имиња за уредите поврзани на влезните приклучоци
за да го олесните избирањето на влезните извори.
✎
Ако на приклучокот HDMI IN 1(DVI) сте поврзале компјутер со помош на HDMI кабел, изберете PC од
функцијата Уреди име за да внесете име на уредот.
✎
Ако на приклучокот HDMI IN 1(DVI) сте поврзале компјутер со помош на HDMI кон DVI кабел, изберете
DVI PC од функцијата Уреди име за да внесете име на уредот.
✎
Ако на приклучокот HDMI IN 1(DVI) сте поврзале AV уред со помош на HDMI кон DVI кабел, изберете DVI
уреди од функцијата Уреди име за да внесете име на уредот.
Информации
Можете да ги видите деталните информации за избрниот надворешен уред.
Освежи
Ако надворешните уреди не се прикажани во функцијата Извор, отворете го менито Алатки и изберете
Освежи, а потоа пребарајте ги поврзаните уреди.
✎
Или, пак, може да го освежите екранот со списокот на функцијата Извор доколку изберете a со помош
на вашиот далечински управувач.
✎
Оваа функција е достапна само кога функцијата Anynet+ (HDMI-CEC) е поставенa на Вкл.
Македонски - 12
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 12 2012-07-10 �� 10:33:10
Мрежна врска
Мрежна врска - безжична
Можете да го поврзете телевизорот на вашата LAN мрежа преку стандарден безжичен рутер или модем. За
безжично поврзување, прво мора да го приклучите “адаптерот за безжичен LAN од Samsung” (WIS09ABGNX
или WIS12ABGNX - се продава одделно) на кој било USB приклучок на вашиот телевизор. Погледнете ја сликата
подолу.
Странична ТВ плоча
Безжичен IP разделник
Приклучок за LAN
(рутер со DHCP сервер)
или
на ѕидот
Адаптер за безжичен
LAN од Samsung
Македонски
LAN кабел (не се испорачува)
Адаптерот за безжичен LAN од Samsung ги поддржува протоколите за комуникација IEEE 802.11a/b/g и n.
Samsung препорачува користење на IEEE 802.11n. Кога репродуцирате видео запис преку врска со IEEE
802.11b/g, можно е видео записот да не се репродуцира рамномерно.
Повеќето безжични мрежни системи се одликуваат со безбедносен систем кој од уредите кои пристапуваат
на мрежата преку пристапна точка или безжичен рутер (најчесто безжичен IP разделник) бара да емитуваат
шифриран безбедносен код наречен клуч за пристап.
Ако го изберете режимот Pure High-throughput (Greenfield) 802.11n, а видот на шифрирање за вашиот безжичен
рутер го поставите на WEP или TKIP, телевизорите на Samsung нема да ја поддржат врската во согласност со
новите спецификации за Wi-Fi сертификатите.
Мрежна врска - жична
Постојат два стандардни начини за поврзување на вашиот телевизор на вашата мрежа со помош на кабли, во
зависност од поставувањето на вашата мрежа. Погледнете ги сликите подолу:
Приклучок за модем на ѕидот
Надворешен модем
Задна ТВ плоча
(ADSL / VDSL / кабелска ТВ)
Кабел за модем (не се испорачува)
LAN кабел (не се испорачува)
Приклучок за LAN на ѕидот
Задна ТВ плоча
LAN кабел (не се испорачува)
✎
Не е поддржано кога брзината на мрежата е помала или еднаква на 10Mbps.
✎
За поврзување користете Cat 5(*STP тип).
*Shielded Twist Pair
Македонски - 13
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 13 2012-07-10 �� 10:33:11
Како да го погледнете e-Manual
SUPPORT
Инструкциите за функциите на вашиот телевизор може да ги најдете во e-Manual.
За отворање на e-Manual, притиснете го копчето SUPPORT на вашиот далечински
управувач.
До него можете да пристапите и преку менито:
Мени → Поддршка → e-Manual
Пристапување до e-Manual
За да го користите e-Manual, следете ги овие чекори:
1. Кога ви треба помош, изберете Поддршка со помош на вашиот далечински управувач. Ќе се појави екранот
на функцијата e-Manual.
2. Изберете ја саканата категорија.
3. Изберете ја саканата тема. e-Manual ќе ја прикаже страницата која сакате да ја погледнете.
✎
Зборот во сина боја во e-Manual означува мени на ТВ екранот.
✎
Зелената икона во e-Manual означува копче на вашиот далечински управувач.
✎
Стрелките (на пр. Мени → Поддршка → e-Manual) во e-Manual означуваат дека за да дојдете до
функцијата потребни се неколку последователни чекори.
Како да се движите низ темите во e-Manual и соодветното(ите) OSD мени(ја).
Менување на однапред поставен режим на слика
Менување на однапред поставен режим на слика
Слика
Режим на слика
Слика
Режим на слика
Мени → Слика → Режим на слика
Мени → Слика → Режим на слика
Режим на слика
Режим на слика
прилагодувања на сликата.
Режимите на слика применуваат однапред поставени
прилагодувања на сликата.
Режимите на слика применуваат однапред поставени
Ќел. светло
може да ги изберете само режимите Забава и Стандард.
N При поврзување со компјутер со помош на HDMI-DVI кабел,
Ќел. светло
може да ги изберете само режимите Забава и Стандард.
N При поврзување со компјутер со помош на HDMI-DVI кабел,
Контраст
• Динамички
Контраст
• Динамички
Соодветен за осветлена просторија.
Соодветен за осветлена просторија.
Интензитет
• Стандард
Интензитет
• Стандард
Соодветен за нормално опкружување.
Соодветен за нормално опкружување.
Острина
• Природен
Релакс.
за серијата PDP телевизори 6500
за LED телевизори /
Острина
• Природен
Релакс.
за серијата PDP телевизори 6500
за LED телевизори /
Боја
Соодветни за намалување на заморот на очите.
Боја
Соодветни за намалување на заморот на очите.
• Филм
• Филм
Нијанса (З/Ц) G50
Соодветен за гледање филмови во темна просторија.
Нијанса (З/Ц) G50
Соодветен за гледање филмови во темна просторија.
‘ Назад на e-Manual
✎
Оваа функција не е овозможена во некои менија.
✎
Доколку менито не е достапно, нема да можете да ја користите функцијата Проб. сега.
1. Ако сакате да го отворите соодветното(ите) мени(ја), притиснете a со помош на вашиот далечински
управувач.
2. За да се вратите на екранот на e-Manual, изберете Поддршка со помош на вашиот далечински управувач.
Македонски - 14
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 14 2012-07-10 �� 10:33:13
Користење на копчињата во боја и функциските копчиња со функцијата e-Manual
• Лента за придвижување: Овозможува придвижување на екранот на функцијата e-Manual нагоре или
надолу.
• l / r: Ве носи на претходното или следното поглавје.
• a Проб. сега: Ве носи во менито на екранот кое одговара на темата. За да се вратите на екранот на
e-Manual, изберете Поддршка со помош на вашиот далечински управувач.
• b Дома: Ве носи на почетниот екран на e-Manual.
• { Позиција: При секое избирање на копчето {, може да ја промените позицијата на екранот на e-Manual.
• } Индекс (во зависност од земјата): Го прикажува екранот на функцијата индекс.
• R Врати: Враќање на претходниот екран.
Македонски
Како да пребарувате тема на индексната страница
1. Изберете } со помош на вашиот далечински управувач. Ќе се појави екранот на функцијата Индекс.
2. За пребарување на тема, изберете буква. Во индексот ќе се прикаже список со теми и клучни зборови кои
почнуваат со буквата која сте ја избрале.
3. Изберете тема или клучен збор по ваш избор.
4. Ќе се појави страница од e-Manual со соодветната тема.
✎
За да го затворите екранот на функцијата Индекс, притиснете го копчето RETURNR.
Како да ја промените позицијата на екранот на e-Manual
Ако екранот на функцијата e-Manual не е доволно провиден поради екранот со OSD менија, може да ја
промените позицијата на екранот на e-Manual.
1. Поместете го означениот дел од екранот на e-Manual со притиснување на копчето SUPPORT на вашиот
далечински управувач.
2. Притиснете го копчето { на вашиот далечински управувач. При секое избирање на { со помош на вашиот
далечински управувач, позицијата на e-Manual ќе се менува.
Македонски - 15
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 15 2012-07-10 �� 10:33:13
Монтирање на ѕидниот носач
Монтирање на комплетот со ѕиден носач
Комплетите со ѕиден носач (се продаваат одделно) ви овозможуваат да го монтирате телевизорот на ѕид.
За детални информации околу инсталирањето на ѕидниот носач, погледнете ги инструкциите кои се
испорачуваат со ѕидниот носач. За помош при инсталирањето на ѕидниот носач, обратете се до техничко лице.
Не Ви препорачуваме да го направите сами.
Компанијата Samsung Electronics не е одговорна за оштетувањата на производот или повредите кај вас или
другите лица, доколку се одлучите сами да го монтирате телевизорот.
Спецификации на комплетот со ѕиден носач (VESA)
✎
Комплетот со ѕиден носач не се испорачува, туку се продава одделно.
Инсталирајте го вашиот ѕиден носач на цврст ѕид кој е поставен нормално на подот. Кога го прицврстувате
за подлоги од друг вид градежен материјал, ве молиме обратете се до најблискиот дистрибутер. Доколку се
инсталира на таван или ѕид кој е косо поставен, може да предизвика сериозни повреди.
✎
ЗАБЕЛЕШКА
• Стандардните димензии за ѕидните носачи се прикажани во табелата подолу.
• При купувањето на нашиот ѕиден носач, обезбедено е детално упатство за инсталирање и сите останати
делови потребни при монтажата.
• Не употребувајте завртки кои не ги исполнуваат VESA стандардите за спецификација на завртки.
• Не употребувајте завртки кои се подолги од стандардните димензии или не ги исполнуваат VESA
стандардите за спецификација на завртки. Завртките кои се премногу долги можат да ја оштетат
внатрешноста на вашиот телевизор.
• За ѕидните носачи кои не се во согласност со VESA стандардите за спецификација на завртките,
должината на завртките може да се разликува во зависност од спецификациите на ѕидниот носач.
• Не ги прицврстувајте завртките премногу; бидејќи производот може да се оштети или, пак, да падне и
да ве повреди. Компанијата Samsung нема да сноси одговорност за овој вид на несреќи.
• Компанијата Samsung не одговара за оштетувањата на производот или личните повреди кога се
употребуваат ѕидни носачи кои не ги исполнуваат VESA стандардите или спецификациите за монтирање
или во случаи кога корисникот не го следи упатството за инсталирање.
• Не го монтирајте телевизорот со закосување над 15 степени.
Палета на
инчи VESA Спец. (A * B)
Стандардни
производи
завртки
Количина
43~51 400 X 400
PDP телевизор
M8 4
60~64 600 X 400
Не вршете инсталирање на ѕидниот носач додека телевизорот е вклучен. Може да дојде до
повреди како последица на електричен удар.
Македонски - 16
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 16 2012-07-10 �� 10:33:13
Безбедносно прицврстување на телевизорот за ѕид
Внимание: Повлекувањето, туркањето или качувањето на телевизорот
може да предизвика паѓање на телевизорот. Особено внимавајте вашите
деца да не се држат за телевизорот и да не го дестабилизираат. Ова
може да доведе до превртување на телевизорот, предизвикувајќи
сериозни повреди или смрт. Придржувајте се до сите безбедносни мерки
кои се наведени во безбедносниот леток кој се испорачува со вашиот
телевизор. За дополнителна стабилност и безбедност, може да го купите и
инсталирате системот против паѓање како што е опишано подолу.
За да избегнете паѓање на телевизорот
Македонски
1. Поставете ги завртките во прицврстувачите и цврсто стегнете ги
за ѕидот. Проверете дали завртките се цврсто стегнати на ѕидот.
✎
Може да ви бидат потребни дополнителни материјали како
типли, во зависност од типот на ѕидот.
✎
Бидејќи потребните прицврстувачи, завртки и жици
не се испорачуваат, ве молиме самите да ги набавите
дополнително.
2. Извадете ги завртките од централниот дел на задната страна
од телевизорот, ставете ги завртките во прицврстувачите и
повторно прицврстете ги завртките на телевизорот.
✎
Завртките може да не бидат испорачани со производот.
Во тој случај, ве молиме купете завртки со следните
спецификации.
✎
Спецификации за завртките
• За големина од 43 ~ 64 инчи: M8
3. Поврзете ги прицврстувачите поставени на телевизорот и
прицврстувачите поставени на ѕидот со силен кабел и потоа
Ѕид
силно прицврстете ја жицата.
✎
ЗАБЕЛЕШКА
• Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не може да падне наназад.
• Безбедно е да ја поврзете жицата така што прицврстувачите поставени на ѕидот се наоѓаат на иста
висина или пониско од прицврстувачите поставени на телевизорот.
• Извадете ја жицата пред да го преместите телевизорот.
4
. Проверете дали сите поврзувања се соодветно прицврстени. Периодично проверувајте ги поврзувањата заради
можно разлабавување и неисправност. Доколку се сомневате во безбедноста на вашето поврзување, обратете
се до професионален монтер.
Македонски - 17
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 17 2012-07-10 �� 10:33:14
Решавање на проблеми
Доколку имате прашања за телевизорот, најпрво погледнете ја оваа листа. Ако не можете да примените ниту
еден од овие совети за решавање проблеми, посетете ја интернет страницата “www. samsung.com,” потоа
кликнете на Поддршка или обратете се во центарот за поддршка кој е наведен на задната корица од овој
прирачник.
Проблеми Решенија и објаснувања
Телевизорот не може да се
• Проверете дали AC кабелот за напојување е добро приклучен во ѕидниот
вклучи.
приклучок и телевизорот.
• Проверете дали ѕидниот приклучок функционира.
• Обидете се да го притиснете копчето P на телевизорот за да проверите
дали далечинскиот управувач работи правилно. Доколку телевизорот се
вклучи, погледнете го делот “Далечинскиот управувач не функционира.”
подолу.
Нема слика/видео сигнал. • Проверете ги поврзувањата на каблите (исклучете ги и повторно
приклучете ги сите кабли кои се поврзани на телевизорот и
надворешните уреди).
• Поставете го видео излезот на вашите надворешни уреди (кабелски/
сателитски приемник, DVD плеер, Blu-ray плеер итн.) да одговара
на поврзувањето со влезот на телевизорот. На пример, ако излезот
на надворешниот уред е HDMI, тој треба да биде поврзан на HDMI
приклучокот на телевизорот.
• Проверете дали надворешните уреди се вклучени.
• Проверете дали сте го избрале соодветниот влезен извор.
• Рестартирајте го поврзаниот уред со исклучување и повторно вклучување
на кабелот за напојување на уредот.
Далечинскиот управувач не
• Заменете ги батериите на далечинскиот управувач, внимавајќи на точната
функционира.
насока на поларитетот (+/–).
• Исчистете го прозорецот за пренос на сензорот од далечинскиот
управувач.
• Обидете се да го насочите далеч. директно кон ТВ од 150-180 см
оддалеченост.
Далечинскиот управувач
• Програмирајте го далечинскиот управувач од кабелскиот/сателитскиот
од кабелскиот/set top box
приемник да функционира со телевизорот. Погледнете го прирачникот
приемник не го вклучува и
за користење на кабелскиот/сателитскиот уред и пронајдете го кодот за
исклучува телевизорот и не
вашиот телевизор од SAMSUNG.
ја прилагодува јачината на
звукот.
✎
Некои слики и функции погоре се достапни само кај одредени модели.
✎
Можете да го доведете вашиот телевизор во оптимална состојба преку надградба со најновиот фирмвер
на интернет страницата (samsung.com → Поддршка → Преземања) преку USB.
Македонски - 18
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 18 2012-07-10 �� 10:33:14
Лиценца
Складирање и одржување
Македонски
✎
Ако залепите некои налепници на ТВ екранот, по нивното отстранување ќе останат остатоци. Ве молиме
исчистете ги за да гледате телевизија.
Не прскајте вода директно на производот. Секоја
Чистете го производот со мека ткаенина натопена
течност која ќе навлезе во производот може да
со мало количество на вода. Не користете запаливи
предизвика неисправност, пожар или електричен
течности (на пр. бензен, разредувач) или средство за
удар.
чистење.
Македонски - 19
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 19 2012-07-10 �� 10:33:15
Спецификации
Услови на просторијата
Работна температура
10°C до 40°C (50°F до 104°F)
Работна влажност
10% до 80%, без кондензација
Температура на чување
-20°C до 45°C (-4°F до 113°F)
Влажност на чување
5% до 95%, без кондензација
ТВ систем Аналоген: B/G, D/K, L, I (во зависност од изборот на вашата земја)
Дигитален: DVB-T/DVB-C
Систем во боја/видео систем Аналоген: PAL, SECAM, NTSC-4.43, NTSC-3.58, PAL60
Дигитален: MPEG-2 MP@ML, MPEG-4, H.264/AVC MP@L3, MP@L4.0, HP@L4.0
Систем за звук BG, DK, L, NICAM, MPEG1, DD, DD+, HEAAC
HDMI влез Видео: 1080 24p, 1080p, 1080i, 720p, 576p, 480p
Звук: 2-кан. линеарен PCM 32/44,1/48kHz, 16/20/24bits.
Вртење на држачот (лево / десно)
-20° ~ 20°
Име на модел
PS51E550 PS60E550
Големина на екран
51 инчи
60 инчи
Звук
(излез)
10 W X 2
Димензии (ШxBxД)
Тело
1196,8 x 715,6 x 56,0 mm
1398,3 x 836,2 x 57,0 mm
Со држач
1196,8 x 787,4 x 305,0 mm
1398,3 x 913,0 x 335,0 mm
Тежина
Без држач
21,1 kg
30 kg
Со држач
25,1 kg
35,1 kg
Резолуција на екранот 1920 x 1080 1920 x 1080 (Црно-бело)
✎
Дизајнот и спецификациите можат да бидат променети без претходно известување.
✎
За повеќе информации за напојувањето и потрошувачката на енергија, погледнете ја налепницата
залепена на производот.
✎
Типичната потрошувачка на енергија се мери според IEC 62087 Ed.2
Македонски - 20
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 20 2012-07-10 �� 10:33:16
Видео кодек
Фајл
Стапка на слики
Бит-стапка
Формат Видео кодек Резолуција
Аудио кодек
Екстензија
(fps)
(Mbps)
*.avi
Divx 3.11/4.x/5.x/6.x
*.mkv
*.asf
*.wmv
MPEG4 SP/ASP
1920 x 1080
30
*.mp4
AC3
*.3gp
AVI
H.264 BP/MP/HP
LPCM
*.vro
MKV
ADMPCM(IMA, MS)
*.mpg
ASF
AAC
*.mpeg
MP4
Motion JPEG 640 x 480 8
HE-AAC
Македонски
*.ts
3GP
6 – 30
WMA
*.tp
VRO
Window Media Video v9
DD+
*.trp
VOB
MPEG(MP3)
*.mov
PS
DTS Core
*.flv
TS
1920 x 1080 30MPEG2
G.711(A-Law,
*.vob
μ-Law)
*.svi
MPEG1
*.m2ts
*.mts
*.divx
VP6 640 x 480 4
*.webm WebM VP8 1920x1080 6~30 8 Vorbis
Други ограничувања
✎
Видео содржините нема да се репродуцираат правилно или воопшто нема да се репродуцираат, доколку
има грешка во содржината или нејзиниот формат.
✎
Можно е звукот или сликата да не се репродуцираат, доколку содржините имаат стандардна бит-стапка/
стапка на слики која ги надминува компатибилните слики/секунда наведени во табелата погоре.
✎
Ако постои грешка во индексната табела, функцијата за пребарување (прескокнување) нема да биде
поддржана.
✎
Кога репродуцирате видео запис преку мрежна врска, можно е видео записот да не се репродуцира
рамномерно.
✎
Можно е да биде потребно подолго време да се појави менито, ако бит-стапката на видео записот
надминува 10Mbps.
✎
Некои USB/дигитални фото апарати може да не бидат компатибилни со плеерот.
Видео декодер
• Поддржува до H.264, ниво 4.1.
• H.264 FMO / ASO / RS, VC1 SP / MP / AP L4 не се поддржани.
• За сите видео кодеци, освен MVC, VP8, VP6:
− Под 1280 x 720: макс. 60 слики
− Над 1280 x 720: макс. 30 слики
• GMC не е поддржано.
• Поддржува само SVAF горе/долу и едно до друго.
Аудио декодер
• WMA 9, 10 Pro поддржува до 5.1 канали и M2 профил (освен режим со ниска бит-стапка на M0).
• Нема поддршка за WMA звук без загуби.
• Ако Vorbis е во Webm контејнер за податоци, тогаш поддржува 2 канали.
Македонски - 21
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 21 2012-07-10 �� 10:33:16
Резолуција на екранот
Хоризонтална
Вертикална
Фреквенција на пиксел
Поларитет на
Режим Резолуција
фреквенција (KHz)
фреквенција (Hz)
часовник (MHz)
синхронизација
(H / V)
640 x 350
31,469
70,086
25,175
+/-
IBM
720 x 400
31,469
70,087
28,322
-/+
640 x 480
35,000
66,667
30,240
-/-
MAC
832 x 624
49,726
74,551
57,284
-/-
1152 x 870
68,681
75,062
100,000
-/-
640 x 480
31,469
59,940
25,175
-/-
640 x 480
37,861
72,809
31,500
-/-
640 x 480
37,500
75,000
31,500
-/-
800 x 600
37,879
60,317
40,000
+/+
800 x 600
48,077
72,188
50,000
+/+
800 x 600
46,875
75,000
49,500
+/+
1024 x 768
48,363
60,004
65,000
-/-
1024 x 768
56,476
70,069
75,000
-/-
1024 x 768
60,023
75,029
78,750
+/+
VESA DMT
1152 x 864
67,500
75,000
108,000
+/+
1280 x 720
45,000
60,000
74,250
+/+
1280 x 800
49,702
59,810
83,500
-/+
1280 x 1024
63,981
60,020
108,000
+/+
1280 x 1024
79,976
75,025
135,000
+/+
1366 x 768
47,712
59,790
85,500
+/+
1440 x 900
55,935
59,887
106,500
-/+
1600 x 900RB
60,000
60,000
108,000
+/+
1680 x 1050
65,290
59,954
146,250
-/+
1920 x 1080
67,500
60,000
148,500
+/+
✎
ЗАБЕЛЕШКА
• Режимот на препрлетување не е поддржан.
• Телевизорот може да не функционира правилно доколку не е избран стандарден видео формат.
• Одделните и композитните режими се поддржани. Нема поддршка за SOG(Sync On Green).
Препорака - само ЕУ
• Со ова, Samsung Electronics, изјавува дека овој PDP телевизор е во согласност со неопходните услови и
останатите поважни потточки на Директивата 1999/5/EC.
• Официјалната декларација за еднаквост може да се најде на интернет страницата http://www.samsung.com,
одете во Поддршка > Пребарување на поддршка за производ и внесете го името на моделот.
• Оваа опрема може да се употребува во сите држави на ЕУ.
Македонски - 22
[PE550-XH]BN68-04057E-01L17.indb 22 2012-07-10 �� 10:33:18
Оглавление
- user manual
- This page is intentionally left blank.
- This page is intentionally left blank.
- This page is intentionally left blank.
- This page is intentionally left blank.
- This page is intentionally left blank.
- This page is intentionally left blank.
- This page is intentionally left blank.
- This page is intentionally left blank.
- This page is intentionally left blank.
- This page is intentionally left blank.
- This page is intentionally left blank.
- This page is intentionally left blank.
- This page is intentionally left blank.
- This page is intentionally left blank.
- This page is intentionally left blank.
- This page is intentionally left blank.