Bosch gsr mx2drive professional: Македонски
Македонски: Bosch gsr mx2drive professional
Македонски
|
199
Bosch Power Tools
1 609 92A 0CA | (24.6.13)
Македонски |
199
При транспортиране от трети страни (напр. при въздушен транспорт или ползване на
куриерски услуги) има специални изисквания към опаковането и обозначаването им.
За целта се консултирайте с експерт в съответната област.
Изпращайте акумулаторни батерии само ако корпусът им не е повреден. Изолирайте
открити контактни клеми с лепящи ленти и опаковайте акумулаторните батерии така, че
да не могат да се изместват в опаковката си.
Моля, спазвайте също и допълнителни национални предписания.
Бракуване
Електроинструментите, акумулаторните батерии и допълнителните приспосо-
бления трябва да бъдат предавани за оползотворяване на съдържащите се в тях
суровини.
Не изхвърляйте електроинструменти и акумулаторни или обикновени батерии при би-
товите отпадъци!
Само за страни от ЕС:
Съгласно Европейска директива 2012/19/EC относно излязла от упо-
треба електрическа и електронна апаратура и съгласно Европейска
директива 2006/66/ЕО обикновени и акумулаторни батерии, които не
могат да се използват повече, трябва да се събират отделно и да бъдат
подлагани на подходяща преработка за оползотворяване на съдържа-
щите се в тях суровини.
Правата за изменения запазени.
Македонски
Општи напомени за безбедност за електричните
апарати
Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност.
Грешките настанати како резултат од
непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични
апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат
батерии (без струен кабел).
Безбедност на работното место
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен.
Неуредниот или
неосветлен работен простор може да доведе до несреќи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
OBJ_BUCH-1208-003.book Page 199 Monday, June 24, 2013 3:19 PM
1 609 92A 0CA | (24.6.13)
Bosch Power Tools
200
| Македонски
Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од
експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина.
Електричните апарати
создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на
електричниот апарат.
Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја
изгубите контролата над уредот.
Електрична безбедност
Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во
ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не
употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен
апарат.
Неменувањето на прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат
ризикот од електричен удар.
Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори,
шпорет и фрижидери.
Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето
тело е заземјено.
Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага.
Навлегувањето на
вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат,
за да го закачите или да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете го
кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните
компоненти на уредот.
Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за
електричен удар.
Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само
продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор.
Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од
електричен удар.
Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се
избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја.
Употребата на
заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат.
Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на
дрога, алкохол или лекови.
Еден момент на невнимание при употребата на
електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.
Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила.
Носењето на
заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен
шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот
апарат, го намалува ризикот од повреди.
Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е
исклучен електричниот апарат, пред да го приклучите на напојување со струја
и/или на батерија, пред да го земете или носите.
Доколку при носењето на
апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот
додека е вклучен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
OBJ_BUCH-1208-003.book Page 200 Monday, June 24, 2013 3:19 PM
Македонски
|
201
Bosch Power Tools
1 609 92A 0CA | (24.6.13)
Македонски |
201
Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го
вклучите електричниот апарат.
Доколку има алат или клуч во некој од деловите на
уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и
постојано држете рамнотежа.
На тој начин ќе може подобро да го контролирате
електричниот апарат во неочекувани ситуации.
Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја
косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови.
Лесната облека,
накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека
тие правилно се приклучени и прикладно се користат.
Користењето на
вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за
Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и
посигурно во зададениот домен на работа.
Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач.
Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и
мора да се поправи.
Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред
да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете
настрана уредот.
Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот
старт на електричниот уред.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги
користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него
или не ги имаат прочитано овие упатства.
Електричните апарати се опасни,
доколку ги користат неискусни лица.
Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат.
Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот.
Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за
сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се
работи.
Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во
согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обѕир работните услови и
дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга
употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Користење и ракување на батерискиот апарат
Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од
производителот.
Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид
батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар.
OBJ_BUCH-1208-003.book Page 201 Monday, June 24, 2013 3:19 PM
1 609 92A 0CA | (24.6.13)
Bosch Power Tools
202
| Македонски
Затоа користете батерии кои се предвидени за електричниот апарат.
Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки,
клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети,
што може да предизвикаат премостување на контактите.
Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте
контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја
со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска
помош.
Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или
изгореници.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од
страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални
резервни делови.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
електричниот апарат.
Безбедносни напомени за дупчалки и одвртувачи
Држете го уредот за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи
каде алатот што се вметнува или шрафот може да наиде на скриени електрични
кабли.
Контактот со струјниот кабел може металните делови на уредот да ги стави
под напон и да доведе до електричен удар.
Користете ги дополнителни дршки, доколку се испорачани заедно со
електричниот алат.
Губењето на контролата може да доведе до повреди.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените
електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија.
Контактот со електрични кабли може да
доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
Доколку се блокира алатот што се вметнува, исклучете го електричниот апарат.
Бидете претпазливи со високите реакциски моменти, што може да
предизвикаат повратен удар.
Алатот што се вметнува се блокира, доколку:
– се преоптовари електричниот алат или
– е накривен во однос на парчето што се обработува.
Цврсто држете го електричниот апарат.
При зацврстување и одвртување на
шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
Зацврстете го парчето што се обработува.
Доколку го зацврстите со уред за
затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го
тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење
контрола над уредот.
Не ја отворајте батеријата.
Постои опасност од краток спој.
OBJ_BUCH-1208-003.book Page 202 Monday, June 24, 2013 3:19 PM
Македонски
|
203
Bosch Power Tools
1 609 92A 0CA | (24.6.13)
Македонски |
203
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување на
сончеви зраци, оган, вода или влага.
Постои опасност од експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да
излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на
лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот електричен апарат од Bosch.
Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Користете само оригинални Bosch батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричен уред.
При користење на други
батерии, на пр. имитации, истрошени батерии или непознати производители, постои
опасност од повреди како и материјални штети доколку експлодира батеријата.
Останати напомени за безбедност и работење
Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои видови дрво, минерали и
метал може да биде штетна по здравјето и да доведе до алергиски реакции,
заболувања на дишните патишта и/или рак.
Материјалите што содржат азбест
може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
–
Погрижете се за добра проветреност на работното место.
–
Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на
филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го
обработувате.
Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. одржување,
замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, прекинувачот за
правец на вртење ставете го во средна позиција.
При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно
батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни
целосно.
Прочитајте го упатството за употреба на полначот.
Електричниот апарат ставете го на шрафот само доколку е исклучен.
Доколку
апаратот е вклучен и се врти, тој може да се преврти и падне.
Цврсто држете го електричниот апарат.
При префрлување во брзина може да
настанат високи реакциски моменти. При префрлување во брзина може да служнете
звуци.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го
користите.
OBJ_BUCH-1208-003.book Page 203 Monday, June 24, 2013 3:19 PM
1 609 92A 0CA | (24.6.13)
Bosch Power Tools
204
| Македонски
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на упатството за употреба.
Запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите електричниот апарат.
Ознака
Значење
GSR Mx2Drive: Батериска дупчалка-одвртувач
Сиво означено поле: рачка (изолирана дршка)
Број на дел/артикл
Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност.
Пред било каква интервенција на електричниот апарат извадете ја
батеријата.
Носете заштита за слухот.
Правец на движење
Правец на реакција
Тек десно/лево
Дупчење и одвртување
Мал број на вртежи
OBJ_BUCH-1208-003.book Page 204 Monday, June 24, 2013 3:19 PM
Македонски
|
205
Bosch Power Tools
1 609 92A 0CA | (24.6.13)
Македонски |
205
Обем на испорака
Батериска дупчалка-одвртувач.
Батериите, алатот што се вметнува и опишаната опрема прикажана на сликите не е дел
од стандардниот обем на испорака.
Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за зашрафување и одвртување на шрафови како и за
дупчење во дрво и пластика.
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го осветли директно полето на работа
на електричниот апарат и не е погодно за просторно осветлување во домаќинството.
Голем број на вртежи
Вклучување
Исклучување
U
Номинален напон
n
0
1
Вртежи во празен од (1. брзина)
n
0
2
Вртежи во празен од (2. брзина)
M
макс. вртежен момент ISO 5393
Метал
Дрво
Ø
Дијаметар на дупката макс.
Ø
макс. поле наØ
Прифат на алатот
Тежина согласно EPTA-Procedure 01/2003
L
wA
Звучна јачина
L
pA
Звучен притисок
K
Несигурност
a
h
Вкупна вредност на осцилации
Ознака
Значење
OBJ_BUCH-1208-003.book Page 205 Monday, June 24, 2013 3:19 PM
1 609 92A 0CA | (24.6.13)
Bosch Power Tools
206
| Македонски
Технички податоци
Техничките податоци за производот се дадени во табелата на страна 276.
Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните производи во „Технички податоци“ се
сообразни со следните норми или нормативни документи: EN 60745 според одредбите
на регулативите 2009/125/EC, (одредба 1194/2012), 2011/65/EU, 2004/108/EC,
2006/42/EC.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ESC,
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
11.07.2011
Информации за бучава/вибрации
Мерните вредности на производот се дадени во табелата на страна 276.
Вкупните вредности на бучава и вибрации (векторски збир на трите правци) се дадени
во согласност со EN 60745.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка
според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични апарати.
Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптеретувањето со
вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку
електричниот апарат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од
нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може
значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
За прецизно одредување на оптеретувањето со вибрации, треба да се земе во обѕир
периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во
употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот
на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот пред да
влијанието од вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните
апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го
текот на работата.
Henk Becker
Executive Vice President
Engineering
Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9
OBJ_BUCH-1208-003.book Page 206 Monday, June 24, 2013 3:19 PM
Македонски
|
207
Bosch Power Tools
1 609 92A 0CA | (24.6.13)
Македонски |
207
Монтажа и користење
Одржување и чистење
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување,
за да може добро и безбедно да работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и
одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за
нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот
број од спецификационата плочка на уредот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали.
Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од
дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или
шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и
Цел на користењето
Слика
Страна
Вадење на батеријата
1
277
Вметнување на батерија
2
277
Монтирање на алатот што се вметнува
3
277
Поставете го правецот на вртење
4
278
Поставување на број на вртежи
5
279
Вклучување/исклучување
6
279
Бирање на опрема
–
280
OBJ_BUCH-1208-003.book Page 207 Monday, June 24, 2013 3:19 PM

