LG 42LN5400: LED ТЕЛЕВИЗОР *

LED ТЕЛЕВИЗОР *: LG 42LN5400

background image

www.lg.com

УПАТСТВО ЗА КОРИСНИКОТ

LED ТЕЛЕВИЗОР *

*LG LED телевизорот користи LCD екран со LED задно осветлување.

Ве молиме внимателно прочитајте го упатството пред да ракувате 

со вашиот уред и задржете го за користење во иднина.

background image

2

ENG

МАКЕДОНСКИ

СОДРЖИНА

СОДРЖИНА

ЛИЦЕНЦИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОФТВЕР СО 

ОТВОРЕН ИЗВОРЕН КОД

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

10 

- Гледање на 3D слика (само 3D модели)

12  ПОСТАПКА ЗА ИНСТАЛИРАЊЕ

12  СОСТАВУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА

12 

Распакување

14 

Одделно купување

15 

Делови и копчиња

16 

Подигнување и пренесување на 

телевизорот

17 

Поставување на маса

19 

Монтирање на ѕид

20  ДАЛЕЧИНСКИ УПРАВУВАЧ

22  УПОТРЕБА НА УПАТСТВОТО ЗА 

КОРИСТЕЊЕ

23  ОДРЖУВАЊЕ

23 

Чистење на телевизорот

23 

-  Екран, рамка, куќиште и држач

23 

-  Кабел за напојување

24  ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ

24     ПОСТАВУВАЊЕ НА НАДВОРЕШЕН 

КОНТРОЛЕН УРЕД

 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

y

Ако ја игнорирате пораката за 

предупредување, можете да бидете 

сериозно повредени или постои можност 

за несреќа или смрт.

 ВНИМАНИЕ

y

Доколку ја игнорирате пораката за 

претпазливост, постои можност полесно 

да се повредите или да дојде до 

оштетување на производот.

 ЗАБЕЛЕШКА

y

Забелешката ви помага да го разберете 

и безбедно да го користите производот. 

Пред користење на производот 

внимателно прочитајте ја забелешката.

background image

3

ENG

МАКЕДОНСКИ

ЛИцЕНцИ / ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОФТВЕР СО ОТВОРЕН ИЗВОРЕН КОД

ЛИЦЕНЦИ

Поддржаните лиценци може да се разликуваат во зависност од моделот. За повеќе информации 

околу лиценците, посетете ја страницата 

www.lg.com.

Произведено под лиценца на Dolby Laboratories. “Dolby” и двојниот-D симбол се 

заштитени трговски знаци на Dolby Laboratories.

The terms HDMI and HDMI High-Definition Multimedia Interface, and the HDMI logo 

are trademarks or registered trademarks of HDMI Licensing LLC in the United States 

and other countries.

ABOUT DIVX VIDEO: DivX

®

 е дигитален видео формат создаден од DivX, 

LLC, филијала на Rovi Corporation. Ова е уред со официјален DivX Certified

®

сертификат кој репродуцира DivX видео. Посетете ја веб-страницата 

divx.com

 за 

повеќе информации и софтверски алатки за конвертирање на вашите фајлови 

во DivX видео.

ЗА DIVX ВИДЕО-ПО-ПОТРЕБА: Овој уред со DivX

®

 сертификат мора да биде 

регистриран за да репродуцира DivX видео-по-потреба (VOD) содржини. За 

да го добиете кодот за регистрација, најдете го одделот DivX VOD во менито 

за поставување на уредот. Посетете ја веб-страницата vod.divx.com за повеќе 

информации околу завршувањето на регистрацијата. 

“DivX Certified

®

 за репродукција на DivX

®

 видео до HD 1080p, вклучувајќи и 

премиум содржини.”

 “DivX

®

, DivX Certified

®

 и придружните лого ознаки се заштитени трговски марки 

на Rovi Corporation или нејзините филијали и се користат под лиценца.”

“Опфатено со еден или повеќе од следните патенти во САД :  

      7,295,673; 7,460,668; 7,515,710; 7,519,274”

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОФТВЕР СО ОТВОРЕН 

ИЗВОРЕН КОД

За да го добиете изворниот код според GPL, LGPL, MPL и другите лиценци за отворен изворен код 

кој се користи кај овој производ, посетете ја страницата 

http://opensource.lge.com .

Покрај изворниот код, за преземање се достапни и сите наведени одредби на лиценца, одрекувања 

од одговорност и известувања за авторски права.

LG Electronics исто така ќе ви обезбеди отворен изворен код на CD-ROM диск за одреден надоместок 

кој го покрива трошокот за вршење на дистрибуцијата (како трошокот за медиумот, испораката и 

ракувањето) по доставено e-mail барање до opensource@lge.com. Оваа понуда е валидна три (3) 

години од датумот на купување на производот.

background image

4

ENG

МАКЕДОНСКИ

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

Пред да го користите производот прочитајте ги внимателно овие безбедносни мерки на 

претпазливост.

 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

y

y

Не поставувајте ги телевизорот и далечинскиот управувач во следните 

опкружувања:

y

- Места изложени на директна сончева светлина

y

- Област со висока влажност како бања

y

- Во близина на извори на топлина како печки и други уреди кои емитуваат 

топлина

y

- Во близина на работни маси во кујни или развлажнувачи каде лесно може 

да бидат изложени на пареа или масло

y

- Области изложени на дожд или ветер

y

- Во близина на садови со вода како вазни

Во спротивно, тоа може да предизвика пожар, електричен удар, неисправно 

функционирање или деформирање на производот.

y

y

Не поставувајте го производот на места каде може да биде изложен на 

прашина.  

Тоа би можело да предизвика опасност од пожар.

y

y

Приклучокот за електрична мрежа треба да служи како елемент за 

исклучување. Приклучокот треба да може веднаш да се употреби.

y

y

Не допирајте го струјниот кабел со влажни раце. Покрај тоа, доколку 

приклучоците на кабелот се влажни или покриени со прашина, исушете го 

целосно приклучокот на електричниот кабел или избришете ја прашината.  

Може да добиете струјен удар како резултат на преголема влажност.

y

y

Водете сметка струјниот кабел да го поврзете на заземјена струја. (Освен за 

уреди кои не се заземјуваат.) 

Во спротивно, може да се случи да ве удри струја или да бидете повредени.

y

y

Кабелот за струја вметнете го целосно.  

Доколку струјниот кабел не биде целосно вметнат, може да избувне пожар.

y

y

Внимавајте струјниот кабел да не дојде во допир со жешки предмети како на 

пр. греалка.  

Тоа би можело да предизвика пожар или опасност од електричен удар.

y

y

Не поставувајте тежок предмет, или самиот производ, на кабелот за 

напојување.  

Во спротивно, би можело да дојде до пожар или електричен удар.

y

y

Превиткајте го кабелот на антената помеѓу внатрешниот и надворешниот дел 

од зградата за да се спречи протекување на дождот во кабелот.  

Тоа би можело да предизвика оштетување заради водата во производот и 

електричен удар.

y

y

При поставување на телевизорот на ѕид, внимавајте на неговата задна страна 

да не се протегаат каблите за напојување и сигнал.  

Тоа би можело да предизвика пожар или електричен удар.

background image

5

ENG

МАКЕДОНСКИ

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

y

y

Не приклучувајте премногу електрични уреди на единечен електричен штекер 

со повеќе приклучоци.  

Во спротивно, би можело да дојде до пожар заради прегревање.

y

y

Не испуштајте го производот и не дозволувајте да падне при поврзување на 

надворешни уреди.  

Во спротивно, би можело да дојде до повреда или оштетување на производот.

y

y

Материјалите отпорни на влага или најлонските обвивки за пакување чувајте 

ги надвор од дофат на деца.  

Материјалот отпорен на влага е штетен доколку се проголта. Ако случајно се 

проголта, натерајте го лицето да поврати и посетете ја најблиската болница. 

Покрај тоа, најлонските обвивки може да предизвикаат гушење. Чувајте ги 

надвор од дофат на деца.

y

y

Не дозволувајте деца да се качуваат или да се држат со својата тежина на 

телевизорот.  

Во спротивно, телевизорот може да падне и да предизвика сериозни повреди.

y

y

Внимавајте кога ги фрлате истрошените батерии за да спречите дете да ги 

стави во уста.  

Во случај да ги проголта, веднаш однесете го на лекар.

y

y

Не вметнувајте проводник (како што се метални прачки) на едната страна 

од струјниот кабел додека неговата друга страна е поврзана на влезниот 

приклучок на ѕидот. Покрај тоа, не допирајте го струјниот кабел веднаш по 

неговото приклучување на влезниот приклучок на ѕидот.  

Може да ве удри струја. 

(Во зависност од моделот)

y

y

Немојте да ставате или чувате запаливи супстанци во близина на производот.  

Постои опасност од експлозија или пожар како резултат на невнимателно 

ракување со запаливи супстанци.

y

y

Не испуштајте метални објекти како што се метални парички, шноли, или 

жица во производот, или запаливи објекти како што се хартија и чкорчиња од 

кибрит. Децата треба особено да внимаваат.  

Може да дојде до струен удар, пожар или повреда. Доколку надворешен 

предмет се испушти во производот, исклучете го струјниот кабел и 

контактирајте со сервисниот центар.

y

y

Не прскајте вода на производот и не чистете го со запаливи материи 

(разредувач или бензол). Може да дојде до пожар или незгода од струен удар.

y

y

Не дозволувајте удирање или паѓање на објекти во производот и не фрлајте 

предмети кон екранот.  

Би можеле да се повредите или производот може да се оштети.

y

y

Никогаш не допирајте го овој производ или антената за време на грмотевици 

или молњи.  

Може да ве удри струја.

y

y

Никогаш не допирајте го штекерот на ѕидот кога постои испуштање на гас - 

отворете ги прозорците и проветрете.  

Тоа може да предизвика пожар или запалување со искра.

background image

6

ENG

МАКЕДОНСКИ

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

y

y

Немојте сами да го расклопувате, поправате или модификувате производот.  

Може да дојде до пожар или незгода од струен удар.  

Контактирајте го сервисниот центар за проверка, калибрација или поправка.

y

y

Ако се случи нешто од подолу наведеното, веднаш исклучете го производот 

од напојување и обратете се до локалниот сервисен центар.

y

- Производот е удрен

y

- Производот е оштетен

y

- Туѓи тела се навлезени во производот

y

- Производот испушта чад или чуден мирис

Ова може да предизвика пожар или електричен удар.

y

y

Ако немате намера да го користите производот подолго време, исклучете го 

струјниот кабел од производот.  

Наталожената прашина може да предизвика пожар или поради оштетена 

изолација може да дојде до истекување на електрична струја, струен удар 

или пожар.

y

y

Уредот не би требало да се изложува на капење и прскање и на него не треба 

да се поставуваат предмети наполнети со течности, како на пр. вазни.

y

y

Не инсталирајте го овој производ на ѕид, доколку таму може да се изложи на масло или масни 

честички. 

Тоа може да предизвика оштетување и паѓање на производот.

background image

7

ENG

МАКЕДОНСКИ

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

 ВНИМАНИЕ

y

y

Инсталирајте го производот на места каде што нема радио бранови.

y

y

Треба да има доволно растојание помеѓу надворешната антена и 

електричниот вод за да се спречи контакт меѓу нив дури и ако антената падне.  

Тоа би можело да предизвика електричен удар.

y

y

Не инсталирајте го производот на места како нестабилни полици или закосени 

површини. Исто така, избегнувајте места каде постојат вибрации или каде 

производот не би имал добра подлога.  

Во спротивно, производот може да падне или да се преврти, што може да 

предизвика повреди или оштетување на производот.

y

y

Ако го инсталирате телевизорот на држач, потребно е да се преземат мерки 

за да се спречи превртување на производот. Во спротивно, производот може 

да падне и да предизвика повреди.

y

y

Ако имате намера производот да го монтирате на ѕид, на задната страна од производот 

прикачете рамка за монтирање усогласена со VESA стандардот (опционален дел). При 

инсталирање на уредот со користење на носач за на ѕид (опционален дел), внимателно 

прицврстете го за да не дојде до паѓање.

y

y

Користете само додатоци / опрема наведени од производителот.

y

y

При инсталирање на антената, обратете се до квалификуван сервисер.  

Може да дојде до опасност од пожар или електричен удар.

y

y

Кога гледате телевизија, ви препорачуваме да се наоѓате на растојание барем 

2 до 7 пати поголемо од дијагоналата на екранот.  

Доколку гледате телевизија подолго период, тоа може да предизвика 

заматување на видот.

y

y

Користете го единствено специфицираниот тип на батерија.  

Во спротивно, би можело да дојде до оштетување на далечинскиот управувач.

y

y

Не мешајте ги новите со старите батерии.  

Тоа може да предизвика прегревање или истекување на батериите.

y

y

Батериите не треба да бидат изложени на прекумерна топлина и треба да се чуваат подалеку 

од директна сончева светлина, отворени камини или електрични греалки.

y

y

НЕМОЈТЕ да ставате батерии кои не може да се полнат во уред за полнење.

y

y

Водете сметка да нема предмети помеѓу далечински управувач и неговиот 

сензор.

y

y

Сигналот од далечинскиот управувач може да биде попречен од сончева 

светлина или друг вид на силна светлина.

y

y

При поврзување надворешни уреди како конзоли за видео игри, проверете 

дали каблите за поврзување се доволно долги.  

Во спротивно, производот може да се преврти, што може да предизвика 

повреди или оштетување на производот.

background image

8

ENG

МАКЕДОНСКИ

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

y

y

Немојте да го вклучувате/исклучувате на уредот со вметнување или вадење 

на струјниот кабел од штекерот на ѕидот. (Не употребувајте го приклучокот на 

струјниот кабел како прекинувач.)  

Тоа би можело да предизвика механичко оштетување или пак струен удар.

y

y

Следете ги упатствата за инсталирање наведени подолу за да се спречи 

прегревање на производот.

y

- Растојанието меѓу производот и ѕидот треба да биде поголемо од 10 cm.

y

- Не вршете инсталирање на производот на места без вентилација (на пр. на 

полица или шкаф).

y

- Немојте да го инсталирате производот на тепих или перница.

y

- Внимавајте отворот за вентилација да не е блокиран од покривка за маса 

или завеса.

Во спротивно, тоа би можело да предизвика пожар.

y

y

Внимавајте да не ги допрете отворите за вентилација при гледање на 

телевизорот подолго време, бидејќи отворите за вентилација можат да 

станат жешки. Ова не влијае врз функционирањето или перформансите на 

производот.

y

y

Одвреме навреме проверете го кабелот на уредот и доколку забележите оштетување или 

неисправност, исклучете го и прекинете со употребата на уредот додека не се замени 

неисправниот дел од кабелот од страна на овластен сервисер.

y

y

Спречете собирање на прашина на приклучоците на електричниот кабел или 

штекерот.  

Тоа би можело да предизвика опасност од пожар.

y

y

Заштитете го струјниот кабел од физичко и механичко оштетување, како 

извиткување, всукување, приклештување, притиснување со врата, или 

нагазување. Особено внимавајте на приклучоците, штекерите и местото каде 

кабелот излегува од уредот.

y

y

Не притискате силно на панелот со рака или остар предмет, како нокт, молив 

или пенкало, и не гребете го.

y

y

Избегнувајте допирање на екранот или задржување на прстите на него 

подолго време. При ова може да се предизвикаат некои привремени ефекти 

на изобличување на екранот.

y

y

При чистење на производот и неговите компоненти, прво откачете го кабелот 

за напојување и потоа избришете го производот со мека крпа. Примената 

на прекумерен притисок може да предизвика гребење или губење на бојата.

Не прскајте вода на производот и не бришете го со влажна крпа. Никогаш не 

користете средства за чистење стакло, индустриски или средства за давање 

сјај за автомобили, абразиви или восок, бензол, алкохол итн., кои може да го 

оштетат производот и неговиот панел.  

Во спротивно може да дојде до пожар, електричен удар или оштетување на 

производот (деформација, корозија или кршење).

y

y

Сè додека уредот е поврзан на ѕиден штекер на наизменична струја, тој е поврзан на извор на 

напојување иако можеби вие сте го исклучиле со ПРЕКИНУВАЧ.

y

y

При откачување на кабелот, држете го за приклучокот и повлечете.  

Ако жиците во кабелот за напојување се прекинати, може да дојде до пожар.

y

y

При преместување на производот, внимавајте прво да го исклучите 

напојувањето. Потоа, откачете ги каблите за напојување, антенските кабли и 

сите кабли за поврзување.  

Телевизорот или кабелот за напојување може да се оштетат и да 

предизвикаат пожар или електричен удар.

background image

9

ENG

МАКЕДОНСКИ

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

y

y

При преместување или распакување на производот, заради неговата тежина 

работете по двајца.  

Во спротивно, може да дојде до повреда.

y

y

Контактирајте го сервисниот центар еднаш годишно за да се исчистат 

внатрешните делови на уредот.  

Насобраната прашина може да предизвика механички оштетувања.

y

y

Наведете ги сите сервисирања на овластени сервисни лица. Сервисирање 

е потребно кога уредот е оштетен на каков било начин, како во случај на 

неисправност на кабелот за напојување или приклучокот на кабелот, прскање 

на течност или кога објекти паднале во уредот, изложување на уредот на дожд 

или влага, кога тој не функционира нормално, или доколку се испушти.

y

y

Ако производот е ладен на допир, при вклучувањето може да се појави мало 

“треперење”. Ова е нормално, кај производот нема никаков проблем.

y

y

Панелот е производ со висока технологија, со резолуција од два до шест 

милиони пиксели. На панелот може да се видат мали црни точки и/или светло 

обоени точки (црвени, сини или зелени) со големина од 1 ppm. Ова не укажува 

на дефект и не влијае врз перформансите и сигурното функционирање на 

производот.   

Овој феномен исто така се случува и кај производи на трети страни и не може 

да биде причина за замена или враќање на пари.

y

y

Во зависност од местото на гледање може да забележите различна 

осветленост и боја на екранот (лево/десно/горе/долу).  

Овој феномен се должи на карактеристиките на панелот. Ова не е поврзано 

со перформансите на производот, и тоа не претставува неисправност.

y

y

Долготрајното прикажување на неподвижна слика (на пр. емитување на лого на канал, мени 

на екран, сцена од видео игра ) може да предизвика оштетување на екранот, што резултира 

со ефект познат како врежување на сликата. Гаранцијата на производот не го покрива 

врежувањето на сликата.  

Избегнувајте прикажување на неподвижна слика на екранот од телевизорот подолго време (2 

или повеќе часови за LCD, 1 или повеќе часови за плазма).  

Исто така, ако подолго време гледате телевизија со сооднос на сликата 4:3, може да дојде до 

врежување на сликата на рабовите на панелот.  

Овој феномен исто така се случува и кај производи на трети страни и не може да биде 

причина за замена или враќање на пари.

y

y

Генериран звук 

Звук на “крцкање”: Звукот на крцкање кој настанува за време на гледање или исклучување 

на телевизорот се генерира при термичко собирање на пластиката заради температурата и 

влажноста. Овој шум е вообичаен кај производите кај кои доаѓа до термички деформации. 

Брмчење на електричните кола/зуење на панелот: Шум со ниско ниво се генерира од 

колата со преклопување со голема брзина, кои испорачуваат големи количини на струја за 

функционирање на производот. Шумот се разликува во зависност од производот.  

Овој генериран звук не влијае врз перформансите и сигурното функционирање на производот.

background image

10

ENG

МАКЕДОНСКИ

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

Гледање на 3D слика (само 3D модели)

 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Условите за гледање

y

Време на гледање

 - При гледање 3D содржини, направете пауза од 5 - 15 минути на секој час. Гледање 3D 

содржини подолг период може да предизвика главоболка, вртоглавица или замор на очите.

Оние кои имаат фотосензитивна епилепсија или хронични болести 

y

Некои корисници може да доживеат напад или други ненормални симптоми кога се изложени на 

треперење на светлина или одредени секвенци од 3D содржини.

y

Не гледајте 3D видео ако чувствувате гадење, ако сте бремени и/или имате хронична болест како 

епилепсија, срцеви проблеми или нарушување на крвниот притисок, итн.

y

3D содржините не се препорачуваат за лица кои страдаат од стерео слепило или стерео 

аномалија. Може да се доживеат двојни слики или непријатност при гледањето.

y

Ако имате страбизам (шашливи очи), амблиопија (слаб вид) или астигматизам, може да имате 

проблеми со осетот за длабочина и лесно да почувствувате замор заради двојни слики. Се 

препорачуваат почести паузи во однос на просекот за возрасни.

y

Ако видот ви се разликува меѓу десното и левото око, корегирајте го видот пред да гледате 3D 

содржини.

Симптоми кои наложуваат прекинување или воздржување од гледање 3D содржини

y

Не гледајте 3D содржини кога чувствувате замор од недостаток на сон, премногу работа или 

пиење. 

y

Ако почувствувате некои од овие симптоми, престанете со користење/гледање на 3D содржини и 

доволно одморете се додека симптомите не исчезнат.

 - Посоветувајте се со доктор ако симптомите продолжат и понатаму. Симптомите може да 

вклучуваат главоболка, болка во очите, вртоглавица, гадење, палпитација, заматување, 

непријатно чувство, двојна слика, визуелна непријатност или замор.

background image

11

ENG

МАКЕДОНСКИ

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА

 ВНИМАНИЕ

Условите за гледање

y

y y

Растојание на гледање

 - При гледање 3D содржини одржувајте растојание кое е барем двапати поголемо од 

дијагоналата на екранот. Ако почувствувате непријатност при гледање 3D содржини, 

преместете се подалеку од телевизорот.

Гледање и возраст

y

Бебиња/деца

 - Користењето/гледањето 3D содржини кај деца на возраст под 6 години е забрането.

 - Деца под 10-годишна возраст може да реагираат бурно и да се возбудат премногу бидејки 

нивниот вид е во развој (на пр.: да се обидуваат да го допрат екранот или да скокнат во него. 

Потребно е специјално надгледување и внимание за деца кои гледаат 3D содржини. 

 - Децата имаат поголема бинокуларна несразмерност за 3D презентации отколку возрасните 

бидејќи растојанието помеѓу очите им е помало од она кај возрасните. Затоа тие гледаат 

поголема стереоскопска длабочина во споредба со возрасните за истата 3D слика.

y

Тинејџери

 - Тинејџерите под 19-годишна возраст може да реагираат со поголема чувствителност заради 

стимулацијата од светлината на 3D содржините. Советувајте ги да не гледаат 3D содржини 

подолго време кога се уморни.

y

Постари лица

 - Постарите лица може да забележат помалку 3D ефекти во споредба со младите. Не седете 

поблиску до телевизорот од препорачаното растојание.

Мерки на претпазливост при користење на 3D очила

y

y y

Обрнете внимание да користите LG 3D очила. Во спротивно, може да да не бидете во можност да 

гледате 3D видео правилно.

y

 Не користете ги 3D очилата наместо вашите нормални очила, очилата за сонце или заштитните 

очила.

y

 Користењето на модификувани 3D очила може да предизвика замор на очите или изобличување 

на сликата.

y

 Не чувајте ги 3D очилата на екстремно високи или ниски температури. Тоа ќе предизвика 

деформации.

y

 3D очилата се кршливи и лесно може да се изгребат. При бришење на леќите секогаш користете 

мека и чиста крпа. Немојте да ги гребете леќите на 3D очилата со остри предмети или да ги 

чистите/бришете со хемикалии.

background image

12

ENG

МАКЕДОНСКИ

ПОСТАПКА ЗА ИНСТАЛИРАЊЕ / СОСТАВУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА

 ЗАБЕЛЕШКА

y

Прикажаната слика може да се разликува од вашиот телевизор.

y

OSD (On Screen Display - приказ на екранот) може малку да се разликува од приказот што е 

даден во ова упатство.

y

Достапните менија и опции може да се разликуваат во зависност од влезниот извор или 

моделот на производот кој го користите.

y

Во иднина, на овој телевизор може да му бидат додадени нови функции.

y

Телевизорот може да се стави во режим на подготвеност за да се намали потрошувачката на 

енергија. Освен тоа, телевизорот треба да го исклучите доколку нема да работи некое време, 

бидејќи на тој начин ќе ја намалите потрошувачката на енергија.

y

Потрошувачката на електричната енергија може значително да се намали доколку го намалите нивото 

на осветленост на сликата, со што ќе се намалат и вкупните трошоци на користење на телевизорот.

ПОСТАПКА ЗА ИНСТАЛИРАЊЕ

1  Отворете го пакувањето и проверете дали е вклучена комплетната дополнителна опрема.

2  Прикачете го држачот на телевизорот.

3  Поврзете надворешен уред на телевизорот.

4  Обрнете внимание да биде достапно мрежното поврзување. 

Мрежните ТВ функции можете да ги користите само кога е направено поврзување со мрежа. (Во 

зависност од моделот)

СОСТАВУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА

Распакување

Проверете дали во кутијата на производот ги има елементите подолу. Доколку недостасува некој дел 

од опремата, обратете се до локалниот продавач кај кој сте го купиле производот. Сликите во ова 

упатство може да се разликуваат од реалниот производ и дел.

 ВНИМАНИЕ

y

За да обезбедите сигурно и долготрајно користење, немојте да користите неодобрени предмети.

y

Какви било оштетувања или повреди настанати заради употреба на неодобрени предмети не 

се опфатени со гаранцијата.

y

Одредени модели на екранот имаат прилепен тенок слој и тој не смее да се отстранува.

 ЗАБЕЛЕШКА 

y

Елементите кои се испорачуваат со вашиот производ може да се разликуваат во зависност од моделот.

y

Спецификациите на производите или содржината на ова упатство може да бидат променети без 

претходно известување заради надградување на функциите на производите.

y

За оптимално поврзување, HDMI каблите и USB уредите треба да имаат лежиште со дебелина помала 

од 10 mm и широчина помала од 18 mm. Доколку USB кабелот или USB меморискиот уред не може да 

се вметне во USB влезот на телевизорот, употребете продолжителен кабел кој поддржува USB 2.0.

A

B

A

B

*A 

<

=

 10 mm

*B 

<

=

 18 mm

background image

13

ENG

МАКЕДОНСКИ

СОСТАВУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА

Далечински 

управувач и батерии 

(AAA)

(Погледнете на стр.

 20, 21)

Упатство за 

корисникот

Кабел за напојување

Држач за кабли

(Во зависност од моделот)

(Погледнете на стр. A-5)

Очила за 3D кино

Бројот на 3D очила 

може да се разликува 

во зависност од 

моделот или земјата.

(Само LA643*/LA61**)

Завртки за држач

8EA, M4 x 14

(Само LA643*/LA61**)

(Погледнете на стр. A-3)

Завртки за држач

3EA, P5 x 25

4EA, M4 x 14

(Само LN54/53**)

(Погледнете на стр. A-4)

Завртки за 

поставување на маса

(2EA : Само 

32/42/47LA643*, 

32/42/47LA61**)

(1EA : Само LN54/53**)

(Погледнете на стр. 18)

Кабел за 

поставување на маса

2EA

(Само 32/42/47LA643*, 

32/42/47LA61**)

(Погледнете на стр. 18)

Завртка за носач

2EA, M4 x 8 

(Само 32/42LA643*, 

32/42LA61**)

2EA, P4 x 8 

(Само 47LA643*, 

47LA61**)

(Погледнете на стр. 18)

Тело на држач / 

Основа на држач

(Само LA643*/LA61**)

(Погледнете на стр. A-3)

Тело на држач / 

Основа на држач

(Само LN54/53**)

(Погледнете на стр. A-4)

Внатрешни додатоци 

за монтирање на ѕид

4EA

(Само LA643*)

(Погледнете на стр. 19)

background image

14

ENG

МАКЕДОНСКИ

СОСТАВУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА

Одделно купување

Додатоците со одделно купување можат да бидат променети заради подобрување на квалитетот без 

претходно известување.

Обратете се до вашиот продавач за да ги набавите овие елементи.

Овие уреди работат само со одредени модели.

AG-F***

Очила за 3D кино

AG-F***DP

Очила за двојно играње

LG аудио уред

Компатибилност

LA643*/LA61**

LN54/53**

AG-F***                

Очила за 3D кино

AG-F***DP       

Очила за двојно играње

(Во зависност од моделот)

LG аудио уред

Името на моделот или дизајнот може да бидат променети во зависност од ажурирањето на 

функциите на производот, потребите или политиките на производителот.

background image

15

ENG

МАКЕДОНСКИ

СОСТАВУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА

Делови и копчиња

Копче

Опис

H

Движење низ зачуваните програми.

H

Прилагодување на јачината на звукот.

OK 

Избирање на означената опција од мени или потврдување на внесеното.

SETTINGS

Пристап до главното мени, или зачувување на вашиот внес и излез од менијата.

INPUT 

Промена на изворот на влезен сигнал.

 / 

I

Вклучување или исклучување на напојувањето.

 ЗАБЕЛЕШКА

y

Светилката со логото на LG или за индикаторот за напојување можете да ја поставите на 

Вклучено или Исклучено преку избирање на 

ОПЦИЈА

 во главните менија.

LAN

(PC)

RGB IN

(RGB/HDMI-PC)

AUDIO

IN

IN

OUT

OPTICAL

DIGITAL

AUDIO

H/P

IN/OUT

(RGB)

AV1   

IN

HDD IN

USB Hub

USB Appps

USB IN

1

1

(ARC)

2

3

4

(PC)

2

USB IN

3

ANTENNA

/CABLE

13/18V     

700mA MAx

LNB IN

Satellite

IN

COMPONENT

AV

P

R

P

B

Y

VIDEO

AUDIO

SETTINGS

INPUT

OK

SETTINGS

INPUT

OK

Само LA643*/LA61**

Копчиња

Екран

Звучници

Сензор на далечинскиот управувач

Светилка на LG лого (Само LA643*)

Индикатор на напојување (Само LA61**)

SETTINGS

OK

INPUT

Само LN54/53**

Звучници

Копчиња

Екран

Сензор на далечинскиот управувач

Индикатор на напојување

background image

16

ENG

МАКЕДОНСКИ

СОСТАВУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА

Подигнување и 

пренесување на 

телевизорот

При пренесување или подигнување на 

телевизорот, прочитајте ги следните 

напатствија за да се спречи гребење или 

оштетување на телевизорот и за безбедно 

пренесување без оглед на видот и големината.

 ВНИМАНИЕ

y

Избегнувајте секакво допирање на 

екранот, бидејќи тоа може да резултира 

во оштетување на екранот.

y

Се препорачува телевизорот да се 

пренесува во кутијата или материјалот за 

пакување во кои телевизорот оригинално 

бил испорачан.

y

Пред преместување или подигнување 

на телевизорот, откачете го кабелот за 

напојување и сите кабли.

y

Кога го држите телевизорот, екранот треба 

да биде завртен спротивно од вашето тело 

за да се избегне оштетување. 

y

цврсто држете го горниот и долниот дел од 

рамката на телевизорот. Внимавајте да не ги 

држите проѕирниот дел, звучникот или делот 

за решетка на звучникот. 

y

При пренесување на голем телевизор, 

потребно е учество на најмалку 2 лица.

y

При рачно пренесување на телевизорот, 

држете го телевизорот како што е прикажано 

на следната слика. 

y

При пренесување на телевизорот, немојте да 

го изложувате на нишање или прекумерни 

вибрации.

y

При пренесување на телевизорот, задржете 

го во исправена положба, никогаш немојте 

да го завртувате странично или да го 

накосувате налево или надесно.

y

Не применувајте прекумерен притисок кој би 

предизвикал превиткување/закривување на 

рамката на куќиштето, бидејќи тоа може да 

го оштети екранот.

background image

17

ENG

МАКЕДОНСКИ

СОСТАВУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА

Поставување на маса

1  Подигнете го телевизорот и закосете го по 

потреба за да дојде во исправена положба 

на масата.

 -  Оставете простор од 10 cm (минимум) 

од ѕидот за правилна вентилација.

2  Поврзете го кабелот за напојување со 

штекер на ѕид.

 ВНИМАНИЕ

y

Немојте да го поставувате телевизорот 

во близина на извори на топлина, бидејќи 

може тоа може да предизвика пожар или 

друга штета.

Користење на Kensington безбедносен систем 

(Оваа функција не е достапна за сите модели.)

Прикажаната слика може да се разликува од 

вашиот телевизор.

Приклучокот за Kensington безбедносниот 

систем се наоѓа на задната страна од 

телевизорот. За повеќе информации околу 

инсталирањето и користењето, погледнете 

во упатството испорачано со Kensington 

безбедносниот систем или посетете ја 

страницата http://www.kensington.com.

Поврзете го кабелот на Kensington безбедносниот 

систем помеѓу телевизорот и масата.

10 cm

10 cm

10 cm

10 cm

Прилагодување на аголот на телевизорот за  

подобро гледање

(Само  LA643*/LA61**) 

Завртувајте налево или надесно до 15 степени 

и прилагодете го аголот на телевизорот според 

вашите потреби.

15

15

 ВНИМАНИЕ

y

При прилагодувањето на аголот на 

телевизорот, внимавајте на прстите.

y

»

Може да дојде до лична повреда доколку 

ги приклештите дланките или прстите. 

Ако производот е премногу закосен, 

тој може да падне и да предизвика 

оштетување или повреда.

<Задна страна>

<Предна страна>

background image

18

ENG

МАКЕДОНСКИ

СОСТАВУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА

Прицврстување на телевизорот на маса

Прицврстете го телевизорот за масата за да 

спречите навалување нанапред, оштетување и 

можни повреди.

За да го прицврстите телевизорот на маса, 

вметнете ја и затегнете ја испорачаната завртка 

на задната страна од држачот.

(Само LN54/53**)

(Само 32/42/47LA643*, 32/42/47LA61**)

2EA

2EA P4 x 8 

(Само 47LA643*, 47LA61**)

M4 x 8 

(Само 32/42LA643*, 32/42LA61**)

 ВНИМАНИЕ

(Само 32/42/47LA643*, 32/42/47LA61**)

Како да го прицврстите телевизорот за маса

1. Поврзете ги каблите за поставување на 

маса со основата на држачот со помош 

на завртките на носачот.

2. Прицврстете ги каблите за поставување 

на маса на самата маса со користење на 

завртките за поставување на маса.

3. Откако телевизорот ќе биде прицврстен, 

преместете ја масата поблиску до ѕидот. 

Можно е децата да влезат во просторот и 

да дојде до повредување.

 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

y

За да се спречи паѓање на телевизорот, 

тој треба да биде безбедно прицврстен 

за подот/ѕидот како што е наведено во 

напатствијата за инсталација. Туркањето, 

тресењето или нишањето на телевизорот 

може да предизвика повреда.

Прицврстување на телевизорот на ѕид 

(Оваа функција не е достапна за сите модели.)

1  Вметнете ги и прицврстете ги завртките со 

отвор, или носачите и завртките на задната 

страна од телевизорот.

 - Ако има вметнато завртки на местото 

за завртки со отвор, прво извадете ги 

завртките.

2  Монтирајте ги носачите за ѕид со завртките 

на ѕидот. 

Усогласете ја позицијата на носачите за ѕид 

со завртките со отвор поставени на задната 

страна од телевизорот.

3  цврсто поврзете ги завртките со отвор и 

носачите за ѕид со издржливо јаже. 

Внимавајте да задржите хоризонтална 

положба на јажето.

 ВНИМАНИЕ

y

Внимавајте децата да не се качуваат 

или да се држат со својата тежина на 

телевизорот.

 ЗАБЕЛЕШКА

y

Користете платформа или ормар кои се 

доволно цврсти и големи за да овозможат 

безбедна поддршка на телевизорот.

y

Носачите, завртките и јажињата не се 

испорачуваат. Дополнителна опрема 

можете да набавите од вашиот локален 

продавач.

background image

19

ENG

МАКЕДОНСКИ

СОСТАВУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА

A

B

 ВНИМАНИЕ

y

Прво откачете го напојувањето и дури 

потоа преместувајте го и монтирајте го 

телевизорот. Во спротивно може да дојде 

до електричен удар.

y

Ако телевизорот го монтирате на таван 

или закосен ѕид, тој може да падне и да 

предизвика сериозни повреди. 

Користете авторизиран LG носач за ѕид и 

обратете се до локалниот продавач или 

квалификувано лице.

y

Немојте премногу да ги затегнувате 

завртките бидејќи тоа може да 

предизвика оштетување на телевизорот и 

да ја поништи вашата гаранција.

y

Користете завртки и носач за на ѕид 

кои ги задоволуваат VESA стандардите. 

Какви било оштетувања или повреди 

настанати заради погрешна употреба или 

користење на несоодветен елемент не се 

опфатени со гаранцијата.

 ЗАБЕЛЕШКА

y

Користете завртки кои се наведени во 

спецификациите за VESA стандардни завртки.

y

Комплетот за монтирање на ѕид вклучува 

упатство за инсталирање и неопходни делови.

y

Носачот за прицврстување на ѕид е 

опционален. Дополнителна опрема можете да 

набавите од вашиот локален продавач.

y

Должината на завртките може да се 

разликува во зависност од носачот за на ѕид. 

Внимавајте да користите соодветна должина.

y

За повеќе информации, погледнете во 

упатството испорачано со носачот за на ѕид.

y

Кога на телевизорот прикачувате носач за 

монтирање на ѕид произведен од трета 

страна, вметнете ги внатрешните додатоци 

во отворите за монтирање на телевизорот 

на ѕид, за да го поместувате телевизорот по 

вертикален агол. Ви обрнуваме внимание да 

не ги користите внатрешните додатоци за LG 

носачот за монтирање на ѕид. (Само LA643*)

Монтирање на ѕид

Внимателно прикачете го опционалниот носач 

за на ѕид на задната страна од телевизорот и 

инсталирајте го носачот на цврст ѕид под прав 

агол во однос на подот. При прикачување на 

телевизорот на други градежни материјали, ве 

молиме обратете се до квалификувано лице.

LG препорачува монтирањето на ѕид да биде 

извршено од квалификувано професионално 

лице за инсталирање.

10 cm

10 cm

10 cm

10 cm

Треба да користите завртки и носач за на 

ѕид кои ги задоволуваат VESA стандардите. 

Стандардните димензии на комплетите за 

монтирање на ѕид се опишани во следната 

табела. 

Одделно купување (Носач за монтирање на ѕид)

Модел

32LA61**

32LN54**

32LN53**

32LA643*

42LA61**

37/39/42LN54**

VESA (A x B)

200 x 100

200 x 200

Стандардна 

завртка

M4

M6

Број на завртки

4

4

Носач за 

прицврстување 

на ѕид

LSW130B

LSW230B

MSW240

Модел

42/47/55LA643*

47LA61**

47/50LN54**

VESA (A x B)

400 x 400

Стандардна 

завртка

M6

Број на завртки

4

Носач за 

прицврстување 

на ѕид

LSW430B

MSW240

Носач за прицврстување на ѕид

LSW130B LSW230B LSW430B

MSW240

Внатрешен додаток за монтирање на ѕид

background image

20

ENG

МАКЕДОНСКИ

ДАЛЕЧИНСКИ УПРАВУВАЧ

ДАЛЕЧИНСКИ УПРАВУВАЧ

Описот во ова упатство се базира на копчињата од далечинскиот управувач. 

Ве молиме внимателно прочитајте го ова упатство и користете го 

телевизорот на правилен начин.

За да ги замените батериите, отворете го капакот на батериите, заменете 

ги батериите (1,5 V AAA) внимавајќи да се совпаднат   и   краевите со 

внатрешните ознаки и затворете го капакот на батериите. 

За да ги извадите батериите, извршете ги чекорите за инсталирање во 

обратен редослед.

или

 ВНИМАНИЕ

y

Немојте да комбинирате стари и нови батерии, бидејќи тоа може да го оштети далечинскиот управувач.

Внимавајте да го насочувате далечинскиот управувач кон сензорот за далечинско управување на телевизорот.

(Само LA643*, LA61**)

 (НАПОЈУВАЊЕ)   

Вклучување или исклучување на телевизорот.

TV/RAD 

   

Избор на радио, телевизиски и DTV програми.

 RATIO   

Менување на големината на сликата.

 INPUT   

Промена на изворот на влезен сигнал.

AV MODE   

Избор на AV режим.

Копчиња со броеви   

Внесување на броеви. 

LIST   

Пристап до зачуваната листа на програми.

Q.VIEW   

Враќање на претходно гледаната програма.

+   -

   Прилагодување на јачината на звукот. 

FAV   

Пристап до вашата листа на омилени канали.

   

Се користи за гледање на 3D видео.

MUTE

   

Исклучување на сите звуци.

P

ꕍ   

Движење низ зачуваните програми или канали.

PAGE     

Преминување на претходниот или наредниот екран.

3D OPTION   

Се користи за гледање на 3D видео.

SETTINGS   

Пристап до главните менија.

INFO     

Преглед на информациите за тековната програма и сликата.

Q.MENU   

Пристап до брзите менија.

Копчиња за навигација (горе/долу/лево/десно)   

Движење низ 

менијата или опциите.

OK     

Избирање на менијата или опциите и потврдување на 

вашиот внес.

 BACK   

Враќање на претходното ниво.

GUIDE   

Го прикажува водичот за програми.

EXIT   

Ги брише приказите на екранот и враќа на гледање телевизија.

Копчиња во боја   

Пристап до специјалните функции во некои 

менија.(

 : црвена, 

 : Зелена, 

 : Жолта, 

 : Сина)

ТЕЛЕТЕКСТ КОПЧИЊА ( TEXT/T.OPT)   

Овие копчиња се 

користат за телетекст. 

SUBTITLE   

Го повикува претпочитаниот превод во дигитален 

режим.

Контролни копчиња 

 )   Контрола врз менијата 

МОИ МЕДИСКИ СОДРЖИНИ, или врз уредите компатибилни со 

SIMPLINK (USB,SIMPLINK).

   

Пристап до AV уредите поврзани со помош на HDMI 

кабел преку HDMI-CEC. Отворање на SIMPLINK менито.

AD   

Го вклучува или исклучува Аудио описот.

RATIO

INPUT

TV/

RAD

2

1

3

4 5 6

7 8 9

0

LIST

Q.VIEW

FAV

P

P

A

G

E

TEXT

OK

AD

GUIDE

AV MODE

INFO

SETTINGS

Q.MENU

EXIT

3D OPTION

BACK

T.OPT

SUBTITLE

MUTE

background image

21

ENG

МАКЕДОНСКИ

ДАЛЕЧИНСКИ УПРАВУВАЧ

(Само LN54/53**)

1

4

5

6

7

8

9

LIST

SUBTITLE

TEXT

SETTINGS

Q.MENU

EXIT

AV MODE

AD

INFO

T.OPT

Q.VIEW

P

0

FAV

GUIDE

MUTE

2

3

RATIO

INPUT

TV/

RAD

PAGE

 (НАПОЈУВАЊЕ)   

Вклучување или исклучување на телевизорот.

TV/RAD 

   

Избор на радио, телевизиски и DTV програми.

SUBTITLE   

Го повикува претпочитаниот превод во дигитален 

режим.

AV MODE   

Избор на AV режим.

 RATIO   

Менување на големината на сликата.

 INPUT   

Промена на изворот на влезен сигнал.

Копчиња со броеви   

Внесување на броеви. 

LIST   

Пристап до зачуваната листа на програми.

Q.VIEW   

Враќање на претходно гледаната програма.

+   -

   Прилагодување на јачината на звукот. 

FAV   

Пристап до вашата листа на омилени канали.

GUIDE   

Го прикажува водичот за програми.

MUTE

   

Исклучување на сите звуци.

P

ꕍ   

Движење низ зачуваните програми или канали.

PAGE

ꕍ 

  

Преминување на претходниот или наредниот екран.

ТЕЛЕТЕКСТ КОПЧИЊА ( TEXT/T.OPT)   

Овие копчиња се 

користат за телетекст. 

INFO     

Преглед на информациите за тековната програма и сликата.

SETTINGS   

Пристап до главните менија.

Q.MENU   

Пристап до брзите менија.

Копчиња за навигација (горе/долу/лево/десно)   

Движење низ 

менијата или опциите.

OK     

Избирање на менијата или опциите и потврдување на 

вашиот внес.

 BACK   

Враќање на претходното ниво.

EXIT   

Ги брише приказите на екранот и враќа на гледање телевизија.

   

Пристап до AV уредите поврзани со помош на HDMI 

кабел преку HDMI-CEC. Отворање на SIMPLINK менито.

AD   

Го вклучува или исклучува Аудио описот.

Контролни копчиња 

 )   Контрола врз менијата 

МОИ МЕДИСКИ СОДРЖИНИ, или врз уредите компатибилни со 

SIMPLINK (USB,SIMPLINK).

Копчиња во боја   

Пристап до специјалните функции во некои 

менија.(

 : црвена, 

 : Зелена, 

 : Жолта, 

 : Сина)

background image

22

ENG

МАКЕДОНСКИ

УПОТРЕБА НА УПАТСТВОТО ЗА КОРИСТЕЊЕ

УПОТРЕБА НА УПАТСТВОТО ЗА 

КОРИСТЕЊЕ

Упатството за користење ви нуди полесен пристап до деталните информации за телевизорот.

1  Притиснете 

SETTING

S за да пристапите до 

главните менија. 

2  Притиснете го 

ЦРВЕНОТО

 копче за да 

пристапите до менијата за 

Поддршка на 

корисници

.

3  Притиснете ги копчињата за навигација за 

да дојдете до

 Упатство за корисникот 

и 

притиснете 

OK(

)

.

2

Упатство за корисникот

 ОПцИЈА

 Поставување КАНАЛ

 Поставување СЛИКА, ЗВУК

 Напредно Функција

За да користите влезен уред

За да поставите опции за заклучување екран

За да поставите држава

Помош при инвалидност

За да поставите други опции

За да поставите јазик

За да поставите опции на време

3

 Информации

1

1

Овозможува селектирање на саканата 

категорија.

2

Овозможува селектирање на саканиот 

елемент.

Можете да ги користите 

/

 за да се 

движите помеѓу страниците.

3

Ви овозможува пребарување на описите 

на саканите функции од индексот.

1

2

Упатство за корисникот

ОПцИЈА > За да поставите јазик

Затвори

Зумирај

ОПцИЈА

Поставување КАНАЛ

Поставување СЛИКА, ЗВУК

Напредно Функција

Информации

2

Затвори

Зумирај

1

Го прикажува описот на избраното мени. 

Можете да ги користите 

H

за да се 

движите помеѓу страниците.

2

Зголемување или намалување на зум на 

екранот.

СЛИКА

АУДИО 

ПРИЛАГОД.

ВРЕМЕ

МОИ МЕДИУМИ

ВЛЕЗ

ОПцИЈА

ЗАКЛУЧИ

Притиснете OK(

) за да ги прилагодите поставките на сликата.

Поддршка на корисници

Излез

Ажур. на софтвер

Тест на слика

Тест на звук

Тест на сигнал

Инфо. за производ/услуга

Упатство за корисникот

Затвори

SETTINGS 

 ОПцИЈА 

 Јазик

Можете да го изберете јазикот на менито кое се прикажува на екранот и 

на дигиталниот звук на преносот. 

•  Јазик на мени : Избирање јазик за прикажаниот текст.

•  Аудио јазик [Само во дигитален режим] : Избор на саканиот јазик при 

гледање на дигитални преноси кои содржат повеќе јазици на говор.

•  Јазик на превод [Само во дигитален режим] : Користете ја 

функцијата на титл кога ce емитуваат титлови на два или пoвeќе 

jaзици.

✎ 

Доколку не се емитуваат податоци за титл на избраниoт јазик, ќе 

биде прикажaн титл на однапред дефинираниот јазик.

SETTINGS 

 ОПцИЈА 

 Јазик

Можете да го изберете јазикот на менито кое се прикажува на екранот и 

на дигиталниот звук на преносот. 

•  Јазик на мени : Избирање јазик за прикажаниот текст.

•  Аудио јазик [Само во дигитален режим] : Избор на саканиот јазик при 

гледање на дигитални преноси кои содржат повеќе јазици на говор.

•  Јазик на превод [Само во дигитален режим] : Користете ја 

функцијата на титл кога ce емитуваат титлови на два или пoвeќе 

jaзици.

✎ 

Доколку не се емитуваат податоци за титл на избраниoт јазик, ќе 

биде прикажaн титл на однапред дефинираниот јазик.

background image

23

ENG

МАКЕДОНСКИ

ОДРЖУВАЊЕ  

ОДРЖУВАЊЕ

Чистење на телевизорот

Редовно вршете чистење на вашиот телевизор за да добиете најдобри перформанси и да го 

продолжите работниот век.

 ВНИМАНИЕ

y

Прво, не заборавајте да го исклучите напојувањето и да го откачите кабелот за напојување и 

сите други кабли.

y

Кога телевизорот треба да биде оставен без надзор или нема да се користи подолго време, 

откачете го кабелот за напојување од ѕидниот штекер за да спречите можно оштетување од 

гром или струјни удари.

Екран, рамка, куќиште и држач

y

За да извршите отстранување на прав и мали нечистотии, избришете ја површината со сува чиста 

и мека ткаенина.

y

За да извршите отстранување на поголеми нечистотии, избришете ја површината со мека 

ткаенина натопена во чиста вода или разреден мек детергент. Веднаш потоа пребришете со сува 

ткаенина.

 ВНИМАНИЕ

y

Избегнувајте секакво допирање на екранот, бидејќи тоа може да резултира во оштетување на 

екранот.

y

Немојте да ја триете или удирате површината на екранот со вашите нокти или остри предмети, 

бидејќи тоа може да предизвика гребење на екранот и изобличување на сликата.

y

Немојте да користите какви било хемиски средства бидејќи тие може да го оштетат производот.

y

Немојте да прскате течност на површината. Доколку во телевизорот навлезе вода, може да 

дојде до пожар, електричен удар или неисправност.

Кабел за напојување

Редовно отстранувајте ја акумулираната прашина и нечистотиите од кабелот за напојување.

background image

24

ENG

МАКЕДОНСКИ

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ / ПОСТАВУВАЊЕ НА НАДВОРЕШЕН КОНТРОЛЕН УРЕД

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ

Проблем

Решение

Не е можно 

управување на 

телевизорот со 

далечинскиот 

управувач.

y

Проверете го сензорот за далечинско управување на производот и 

обидете се повторно.

y

Проверете дали помеѓу производот и далечинскиот управувач има 

некаква пречка.

y

Проверете дали батериите сè уште работат и дали се правилно поставени 

(  со  ,   со  ).

Нема приказ на 

слика и не се 

емитува звук.

y

Проверете дали производот е вклучен.

y

Проверете дали кабелот за напојување е поврзан на ѕидниот штекер.

y

Проверете дали има проблем со ѕидниот штекер преку поврзување на 

други уреди.

Телевизорот 

ненадејно се 

вклучува.

y

Проверете ги поставките за контрола на напојувањето. Напојувањето 

може да има прекин.

y

Проверете дали функциите за 

Автом. мирување

 или 

Време на искл.

 се 

активирани во поставките за 

ВРЕМЕ

.

y

Доколку нема влезен сигнал кога телевизорот е вклучен, телевизорот 

автоматски ќе се исклучи по 15 минути неактивност.

При поврзување 

со PC (HDMI), 

се прикажува 

‘Нема сигнал’ 

или ‘Неважечки 

формат’.

y

Исклучете/вклучете го телевизорот со помош на далечинскиот управувач.

y

Повторно поврзете го HDMI кабелот.

y

Рестартирајте го компјутерот додека телевизорот е вклучен.

ПОСТАВУВАЊЕ НА НАДВОРЕШЕН 

КОНТРОЛЕН УРЕД

За добивање информации околу поставувањето на надворешен контролен уред, посетете ја 

страницата 

www.lg.com